Бугарско – македонските односи деновиве како да тргнаа по нагорна линија, по ударот врз македонските напори за влез во Европската унија откако Бугарија стави вето на стартот на пристапните разговори.
Mладитe луѓе масовно бегаат од земјите на Балканот во потрага по подобар живот, особено во Западна Европа. Некои истражувања покажуваат дека нема гаранција оти младите ќе останат дури и ако овие земји ѝ се приклучат на Унијата.
2021 година донесе многу пресврти кои уште долго време ќе имаат одек во светот. Пренесуваме дел од некои од настаните што ја одбележаа.
Растот на цената на енергенсите, мерките за спречување на ширењето на ковид-19 и зголемената инфлација ги намалуваат приходите на многу луѓе во светот. Како да се преживее со сѐ потенкиот домашен буџет?
Глетката на бездомници кои спијат во паркови и по улици е вообичаена во повеќето светски метрополи. Нивното и онака тешко секојдневие стана неподносливо, особено за време на пандемијата на коронавирусот.
Зголемените трошоци за струја и загриженоста за животната средина се главната причина зошто сѐ почесто се размислува на алтернативни извори на енергија. На сончевата енергија се гледа како на едно од решенијата, но тука постојат низа пречки.
Апели, ветувања, протести... и ништо повеќе. Како да го правиме токму она што не треба. Светот станува лошо место за живеење. Некои велат дека сѐ уште може нешто да направиме за спас на Планетава, но други се уверени дека е предоцна. Иднината на светот и младите.
Наскоро ќе станат две години како живееме со еден од најголемите, не само здравствени предизвици на човештвото. И покрај сите напори, научни и општествени, никако да се најде вистинскиот против коронавирусот. Дали е тоа поради неговата прилагодливост или пак поради нашето однесување?
Цените на струјата повторно растат. Има разни објаснувања зошто е така и секакви проценки на експертите како ќе се движат цените во догледна иднина. Во ова издание на Темата на неделата се осврнуваме врз оние кои најмногу се погодени од ценовните скокови на струјата.
Светот веќе не може да се замисли без социјалните мрежи, особено во ова време на затворање поради пандемијата на ковид-19. Тие се веќе редовен начин за комуникација, но не за секого тоа е едноставно, особено не за повозрасните.
Дали лекот е пострашен од болеста? Или зошто некои не се решаваат да се вакцинираат против ковид-19, кога, според експертите, тоа е добро за нивното здравје и е единствениот излез од пандемијата. А, можеби проблемот е во тоа што и меѓу самите експерти има различни мислења.
Излегувањето од плакарот, уривањето на предрасудите е ослободувачки за духот, велат активисти и припадници на ЛГБТ заедниците. Но проблемите, притисоците и заканите се секојдневие во конзервативните општества како македонското и албанското
Вчитај повеќе