Некои од поважните настани во светот кои ја одбележаа 2020-та година, низ видео инсерти.
Панедмијата на коронавирусот ја нагласи големата дилема во која се најде светот во ова дигитално време. Станува збор за тоа како да се балансира меѓу заштитата на човековите права и одбраната од дезинформациите поврзани со ковид-19.
Бројките на заразени со ковид-19 и покрај преземените мерки растат, а болниците се преполни од нови пациенти. Тоа предизвика своевидна трка со времето за дополнителни клиники и прилагодување на постојните, но и на лекарите и медицинскиот персонал на условите на сегашната пандемија.
Светската метеоролошка организација деновиве излезе со нов билтен во кој вели дека нивото на стакленички гасови во атмосферата, главниот двигател на климатските промени, достигна рекордно високо ниво во минатата година и повикува на акција за заштита на „иднината човештвото“.
Македонските граѓани иако секојдневно преку социјалните мрежи се изложени на секакви теории за штетноста и безбедноста на 5Г мрежата, сепак сметаат дека напредокот не може да се запре. Побрзата мрежа, според експертите, ќе биде неопходна и поради пандемијата.
Шведска забележува зголемување на инфекциите со коронавирус и воведува нови мерки, но земјата што славно одби да се заклучи се држи до своите орудија и инсистира дека со присилни методи не се постигнува ништо.
50 отсто од младите во Македонија се неписмени или полуписмени, покажа едно истражување. Поразителен податок, на кој и не му се обрна поголемо внимание. Причини за таквата состојба има повеќе.
Пандемијата на коронавирусот го преокупира светот и стана опасност број еден за луѓето, иако има и некои кои не веруваат во тоа.
Пандемијата на коронавирусот ни го смени однесувањето. Станавме попретпазливи, пооддалечени и поизолирани. Токму таквата изолација, наметната од потребата за спречување на ширењето на болеста, продлабочи еден друг голем проблем, семејното насилство.
Во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот новите технологии се повеќе добиваат на значење. Следењето преку паметните телефони на инфицираните или на оние што имале контакт со нив може да го блокира натамошното ширење на заразата. Но, дали тие се ефикасни?
Сè повеќе згради и дивоградби и сè помалку зеленило. Во главниот град е тесно и несносно да се живее. Институциите си ја префрлаат одговорноста, а локалните моќници си тераат бизнис.
Во 2015 година, стотици илјади мигранти и бегалци го минаа Балканот во колони, пристигнувајќи на полуостровот преку Грција пред да тргнат кон север.
Вчитај повеќе