Светската метеоролошка организација деновиве излезе со нов билтен во кој вели дека нивото на стакленички гасови во атмосферата, главниот двигател на климатските промени, достигна рекордно високо ниво во минатата година и повикува на акција за заштита на „иднината човештвото“.
Македонските граѓани иако секојдневно преку социјалните мрежи се изложени на секакви теории за штетноста и безбедноста на 5Г мрежата, сепак сметаат дека напредокот не може да се запре. Побрзата мрежа, според експертите, ќе биде неопходна и поради пандемијата.
Шведска забележува зголемување на инфекциите со коронавирус и воведува нови мерки, но земјата што славно одби да се заклучи се држи до своите орудија и инсистира дека со присилни методи не се постигнува ништо.
50 отсто од младите во Македонија се неписмени или полуписмени, покажа едно истражување. Поразителен податок, на кој и не му се обрна поголемо внимание. Причини за таквата состојба има повеќе.
Пандемијата на коронавирусот го преокупира светот и стана опасност број еден за луѓето, иако има и некои кои не веруваат во тоа.
Пандемијата на коронавирусот ни го смени однесувањето. Станавме попретпазливи, пооддалечени и поизолирани. Токму таквата изолација, наметната од потребата за спречување на ширењето на болеста, продлабочи еден друг голем проблем, семејното насилство.
Во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот новите технологии се повеќе добиваат на значење. Следењето преку паметните телефони на инфицираните или на оние што имале контакт со нив може да го блокира натамошното ширење на заразата. Но, дали тие се ефикасни?
Сè повеќе згради и дивоградби и сè помалку зеленило. Во главниот град е тесно и несносно да се живее. Институциите си ја префрлаат одговорноста, а локалните моќници си тераат бизнис.
Во 2015 година, стотици илјади мигранти и бегалци го минаа Балканот во колони, пристигнувајќи на полуостровот преку Грција пред да тргнат кон север.
Карантинот и другите мерки за физичко дистанцирање, воведени низ целиот свет во обидот да се запре пандемијата на ковид-19, ги смени нашите животи.
Никој не знае како ќе изгледа престојната школска година во целина. На училиште, онлајн, комбинирано... Образованието е неопходно, здравјето е најважно, па како да се продолжи во услови на пандемија со коронавирус. Нема едноставни решенија.
Во време на коронавирус во некои земји страда слободата на медиумите. На ова предупредуваат Репортери без граници, како и локални еснафски здруженија, посочувајки го прстот кон владините мерки кои во „нормални“ времиња, како што велат, не би поминале. (Реприза - емитувано на 1 Мај 2020)
Вчитај повеќе