Основецот од Скопје, Или Морина вели дека се чувствува подготвен да „скокне“ директно до факултет. Толку знае математика, што од него освен основци, бараат да учат и средношколци, но и студенти.
Битолчанката Мила Ивановска е една од 1900-те студенти од целиот свет кои во 2021-ва година беа примени на Харвард – најпрестижниот факултет во светот, според актуелната Шангајска листа.
Со волонтирањето се стекнуваат многу нови вештини, знаења и пријателства и тоа е волшебно искуство кое на младите им нуди лесен пат до учење на вистинските вредности, сподели 17-годишната средношколка Леа Манева, која во „Црвен Крст- Карпош“ волонтира од 14 години.
Според младата виолинистка Ева Богоевска не е клише, туку чиста вистина она дека успехот доаѓа со комбинација од напорна работа и многу љубов. Нејзината дисциплина и посветеност ја однеле до престижни музички сцени
Тринаесетгодишниот Анди Исмаили од Гостивар вели дека се чувствува целосно свој кога танцува. Страста за танцот му донела бројни медали од домашни и меѓународни натпревари, од кои две светски злата. Тој е дел од студиото за модерен танц „I dance“
Во еден штипски подрум, младиот Стефан создава машини, дизајнира, изработува и тестира печатени плочки и се надева дека еден ден неговите иновации од „batcave-от", како што тој го нарекува подрумот, би можеле да го лансираат до вселената.
Младиот Дамјан Ристовски патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Завршил средно музичко на отсекот за традиционална музика и игра. Играорец е од дете, а денес е член на ансамблот „Студио Фолклор“ и сака да ја знае историјата на секоја носија
„Aerth Racing“ е прв македонски тим средношколци кој ќе учествува на светското финале на натпреварот „Aramco F1 in Schools“, во Лондон, Англија. Треба да направат најбрз 3Д модел на мини болид на Формула 1.
За младата ракометарка Ива Младеновска не постои преголема цел. Таа вели дека цели високо и подготвена е да тренира напорно за таму да стигне. Игра и со кадетките и со сениорките. И во репрезентација и во ЖРК Металург. Собира индивидуални награди, а најмногу им се радува на тимските.
Студентот Димитар Бежановски кој е креатор на „open source“ роботите Рикардо и Гравис, сака да ги поттикне младите да се приклучат кон неговите, или да почнат свои проекти, за да се развие заедница за роботика во Македонија. Но и да им порача на институциите да стават фокус на младите иноватори.
Тринаесетгодишната Ема е родена во Македонија, но живее во Хонг Конг. Разбира и зборува македонски, но го разбира и „јазикот“ на морскиот свет, па пренесува апел за спас. Нурка за да дознае повеќе, прави филмови за заштита на животната средина, танцува, глуми, фотографира и собира награди.
Вчитај повеќе