„Младите во Македонија не знаат дека воопшто бејзбол постои во државата а ниту па знаат како се игра самиот спорт“, вели 20 годишниот тренер Ѓорги Георгиев, кој се надева дека ќе младите ќе се запознаат со овој спорт.
Кога преземате акција треба да знаете точно што е проблемот и кому треба да се обратите, вели тетовчанката Рита Бехадини, која зад себе има успешни и креативни герила акции. Таа и како активистка за женските права, истакнува дека најголемиот проблем е насилството врз жената. Која е нејзината порака?
Тим студенти и средношколци, наречен From Zero to Hero, создадоа прототип за паметна инвалидска количка. Количката ќе се движи со очила на кои има веб камера, за да може лицето со физичка попреченост да ја движи количката со поглед. Која е нивната порака?
Во 2018 година, млади од тетовско Теарце ја формираа групата Трио Кладенец. Тие досега имаат три свои песни, со кои се негува изворната традиционална музика.
Осумнаесетгодишната скопјанка, која учи и на истоимената академија во Москва, е среќна што пред се е дел од тој врвен театар, а како што вели таа, без разлика што е прва од земјава. Што има да порача Гаштарска?
Тие потекнуваат од семејство кое се занимава со коњички спорт, но врската со коњите и чувството на контрола врз коњ ги натерала да го засакаат овој спорт. Што имаат да порачаат прваците во еден од најскапите спортови?
Со апликацијата се поврзуваат волонтери кои сакаат да помогнат на лица со попреченост при излегување и шетање. Што имаат да порачаат тие?
Со 6 национални рекорди во атлетика, спорт познат како кралица на спортовите, 23-годишната Дрита Ислами е македонската кралица на атлетиката.
Најголема застапеност има вербалното насилство, вели Кристијан Поповски, ученички медијатор во скопската гимназија. Како да се намали насилството? Која е неговата порака?
Апликацијата ја создадоа на младинскиот предизвик „Generation Unlimited“, организиран од УНИЦЕФ, а имплементиран од страна на СмартАп - Лабораторија за социјални иновации и локално е поддржан од Сојузот на извидници на Македонија. Која е нивната порака?
Извидници, смислија нов креативен амблем – „Направи сам“, кој за да го добијат извидниците треба од дома да се снимат како креираат нешто. Погледнете ја нивната порака.
Франка Граждани дипломирала на Машинскиот Факултет - Скопје со влошки за чевли кои произведуваат струја. Инспирирана од слични продукти, електронските компоненти ги направила да создаваат поголема струја додека човекот пешачи, а не додека трча. Која е нејзината порака?
Вчитај повеќе