Заеднички против насилството
Учениците во СУГС „Никола Карев“ волонтерски посредуваат во врснички конфлики за да го намалат насилството меѓу соученици. Тие имаат улога на медијатори, а претходно слушале обуки за да стекнат вештини за посредување. Најголема застапеност има вербалното насилство, вели Кристијан Поповски, ученички медијатор во скопската гимназија. Како да се намали насилството? Која е неговата порака?