„Направи сам“ – нов извиднички амблем во време на пандемија
Како и сите извиднички одреди, така и Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) во овој период на изолација поради коронавирусот, мораше да ги откаже своите активности. Но, од таму смислија нов креативен амблем – „Направи сам“, кој за да го добијат извидниците треба од дома да се снимат како креираат нешто. Погледнете ја нивната порака.