Роботика и нанотехнологија се само дел од областите кои Мартина ужива да ги истражува. Таа имаше можност да учи од научници од НАСА за радијација. Што има Мартина да порача?
Секој викенд иницијативата #ретвитниоброк на млади твитерџии потсетува на неодговорното однесување кон храната и потребите на социјално загрозените случаи во Македонија. Што порачуваат младите волонтерки Катерина и Ана?
Миа Блажевска Еминова е исклучителен талент. Таа порачува дека пливањето е спорт што го одржува здравјето. Нејзиниот тренер, Илија Стојановски, смета дека нема доволно базени во Македонија.
Војо Иванов е оној што ќе ви помогне ако дома ви влезе змија. Војо се грижи за животните, ги едуцира децата. Војо ви порачува - „имајте поголема свест и емоции за светот околу вас“.
Скејтерството е повеќе од спорт. Тоа е религија и живот, велат младите кои секојдневно ги гледате со нивните вратоломии низ скопските улици. Подржете и направете ни услови за да имаме врвни резултати, гласи нивната порака