Секој викенд иницијативата #ретвитниоброк на млади твитерџии потсетува на неодговорното однесување кон храната и потребите на социјално загрозените случаи во Македонија. Што порачуваат младите волонтерки Катерина и Ана?
Миа Блажевска Еминова е исклучителен талент. Таа порачува дека пливањето е спорт што го одржува здравјето. Нејзиниот тренер, Илија Стојановски, смета дека нема доволно базени во Македонија.
Војо Иванов е оној што ќе ви помогне ако дома ви влезе змија. Војо се грижи за животните, ги едуцира децата. Војо ви порачува - „имајте поголема свест и емоции за светот околу вас“.
Скејтерството е повеќе од спорт. Тоа е религија и живот, велат младите кои секојдневно ги гледате со нивните вратоломии низ скопските улици. Подржете и направете ни услови за да имаме врвни резултати, гласи нивната порака