Петтмина студенти сакајќи да создадат побезгрижен велосипедизам во Македонија, создадоа платформа за регистрација на велосипедот - ВелоРегистар. Мотивацијата ни беше зголемениот процент на кражби, вели Марјан Ристов, еден од основачите. Дознајте повеќе за ВелоРегистар и нивната порака.
Средношколци од гимназијата „Никола Карев“ ја формираа „Арт Хаус Карев“ за нивно уметничко изразување. Започнаа минатата учебна година и учествуваа на годинешната Бела Ноќ. Што имаат да порачаат младите од оваа организација?
Ханис Багашов на 12 години во фиока ја откри својата професија. Младиот тетовец случајно влезе во филмската индустрија, но неслучајно добива награди. Неговите филмски креации се кратки и искрени, со љубов. Што има да порача талентираниот режисер?
Млади дипломирани актери во Скопје скоро една година ги вежбаат своите способности пред очите на публиката. Здружени во Импров група „Настап“, седуммина момци пионерски настапуваат според сценарио што самите го создаваат во моментот. Што имаат да порачаат тие?
Единствената пилотка во Министерството за внатрешни работи, Весна Петреска со својот успех докажа дека рамноправноста се постигнува со силна желба и храброст. Таа смета општеството нуди еднакви можности. Младите треба само да бидат упорни. Што друго вели Петреска?
Млади се обучуваат како да објавуваат на Википедија, како да ги проверат фактите и придонесуваат во македонската верзија на енциклопедијата. Нивниот придонес е значаен особено ако се спореди англиската Википедија со 6 милиони статии и македонската со 97 илјади статии. Што порачуваат Википедијанците?
Везењето е една од вештините кои се прилагодуваат на современиот живот и ги тестираат способностите за да се создаде нешто. Младата Кристина Велевска, која се занимава со модерно везење, смета дека недостасува соодветно вреднување на традиционалните занаети. Што друго има да порача таа?
Рома Рок Скул е бенд кој создаде нов жанр-рок со ромски мелос. Алвин Салимовски, основач, пак истакна дека бендот е дел од проект чија цел е создавање можности за музичко образование за Ромите. Која е пораката на Рома Рок Скул?
Младата велешанка, Андријана Станковска со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Стојановска?
Струмичанецот Блаже Аризанов е дел од милионска бизнис идеја во Индија, втора најнаселена земја во светот. Според него, ерата на технологија нуди можности за големи заработки и самореализација надвор од границите на татковината што младите треба да ги искористат. Што друго има да порача Аризанов?
Создавање платформи за лесно достапни информации е дел од модерниот активизам. Меѓу овие активисти е и 25-годишниот Горјан Јовановски, креатор на веб-страната „Да разјасниме“ и апликацијата „Мој Воздух“, кој смета дека е важно граѓаните да се информираат од непристрасни извори. Што порачува тој?
Никола Исаиловски се врати од Германија и започна македонска кулинарска емисија на Јутјуб, за да ги мотивира младите да готват со љубов. Исаиловски вели дека на мајчиниот јазик најискрено може да се изрази и најубаво да бидеш разбран. Што има да порача готвачот во „Fat Kitchen“?
Вчитај повеќе