Единствената пилотка во Министерството за внатрешни работи, Весна Петреска со својот успех докажа дека рамноправноста се постигнува со силна желба и храброст. Таа смета општеството нуди еднакви можности. Младите треба само да бидат упорни. Што друго вели Петреска?
Млади се обучуваат како да објавуваат на Википедија, како да ги проверат фактите и придонесуваат во македонската верзија на енциклопедијата. Нивниот придонес е значаен особено ако се спореди англиската Википедија со 6 милиони статии и македонската со 97 илјади статии. Што порачуваат Википедијанците?
Везењето е една од вештините кои се прилагодуваат на современиот живот и ги тестираат способностите за да се создаде нешто. Младата Кристина Велевска, која се занимава со модерно везење, смета дека недостасува соодветно вреднување на традиционалните занаети. Што друго има да порача таа?
Рома Рок Скул е бенд кој создаде нов жанр-рок со ромски мелос. Алвин Салимовски, основач, пак истакна дека бендот е дел од проект чија цел е создавање можности за музичко образование за Ромите. Која е пораката на Рома Рок Скул?
Младата велешанка, Андријана Станковска со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Стојановска?
Струмичанецот Блаже Аризанов е дел од милионска бизнис идеја во Индија, втора најнаселена земја во светот. Според него, ерата на технологија нуди можности за големи заработки и самореализација надвор од границите на татковината што младите треба да ги искористат. Што друго има да порача Аризанов?
Создавање платформи за лесно достапни информации е дел од модерниот активизам. Меѓу овие активисти е и 25-годишниот Горјан Јовановски, креатор на веб-страната „Да разјасниме“ и апликацијата „Мој Воздух“, кој смета дека е важно граѓаните да се информираат од непристрасни извори. Што порачува тој?
Никола Исаиловски се врати од Германија и започна македонска кулинарска емисија на Јутјуб, за да ги мотивира младите да готват со љубов. Исаиловски вели дека на мајчиниот јазик најискрено може да се изрази и најубаво да бидеш разбран. Што има да порача готвачот во „Fat Kitchen“?
Куглањето во Македонија како да е подзаборавено и затоа јуниорскиот првак Јовица Блажевски смета дека треба да се зајакне лигата и федерацијата. Овој спорт порачува Блажевски заслужува поголемо внимание будејќи има нови млади куглари. Што друго има да порача Блажевски?
Скопските велосипедисти здружени во „НаТочак“ од 2012 година активно бараат поголема заложба за „вело сообраќај“ и внимателност од учесниците во сообраќајот. Снежана Домазетовска вели дека состојбата е подобрена, но далеку сме од целта. Што порачуваат велосипедистите?
Радио емисијата „Јас сум Цако“ наскоро ќе наполни 5 години. Александар Матовски ја започна емисијата за да се измени перцепцијата за лицата со попреченост и да бидат прифатени во општеството. Што има да порача Цако?
Различни артисти исцртаа графити на ГТЦ. Меѓутоа, оваа супкултура се уште не е уметност која се третира сериозно, особено од институциите. Според артистите Хром и Боц, графитите се глас на една генерација. Што друго имаат да порачаат тие?
Вчитај повеќе