Кој се не добил сертификат НАТО сертификат е актуелна тема деновиве поради тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека двајца министри- Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ не добиле. И за двајцата се негираа дека се одбиени, но според последните официјални информации десетина лица досега биле одбиени од алијансата.
Наместо по околу 1000 денари, еден тест чинел по 3500 денари
Македонски пошти ќе се продаваат или приватизираат според моделот јавно приватно партнертво. Но, кој придонесе поштата да дојде до ова дереџе?
Во новата Влада остануваат истите 16 министерства и четири вицепремиерски места. Само еден од вицепремиерите Артан Груби ќе биде и министер, задолжен за политички систем и односи меѓу заедниците. Но, Груби ќе биде и прв вицепремиер, односно директен заменик на премиерот.
Најбогатиот пратеник тежи речиси два милиони евра, покажуваат податоците од ДКСК.
Нелегални градби никнуваат на целата територија на Македонија, но и во националните паркови, кои имаат статус на заштитени зони поради нивната уникатна природна убавина.
Преспанското езеро се соочува со намалување на нивото на водата, но каква е грижата на државата и политика за користењето на езерските ресурси, дали таа е во сообразност со климатските промени и има ли информации за количеството на експлоатацијата на водите од земјоделството?
Владата иако најавуваше дека нема денар да потроши за итната хеликоптерска медицинска помош договорот со „САРХЕМС“ го покажува спротивното.
Армии од стотици партиски активисти ги репродуцираат пораките на политичките лидери за да добијат поголема видливост на социјалните мрежи. Голем дел од нив се таканаречени „живи ботови“ и нивната улога е само да ги споделуваат или лајкуваат објавите кои доаѓаат „од горе“.
Големите профити на сопствениците на мали хидроелектрани го отвораат прашањето за исплатливоста на субвенционирањето на хидроенергијата, наспроти колчината на произведена електрична енергија. За 15 милиони евра малите хидроцентрали лани задоволиле само 2,6 проценти од потребите за струја
Властите во земјава со години ветуваат дека Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк поради значителните природни вредности, но активистите алармираат дека наместо заштита, природата на Шара се уништува со сеча, пожари, но и со бројните проекти за изградба на мали хидроелектрани.
Вчитај повеќе