Пожарите ја чинат државата многу пари и економските последици се огромни, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во интервју за РСЕ, тој говори за моменталното функционирање на системот за управување со кризи, најавата за негова реформа, а одговори од Ангелов побаравме за тоа како и зошто НИКС - командниот систем за следење на пожари поддржан од НАТО не профункционира никогаш и каде завршила добиената опрема.