Никогаш порано во историјата универзитетските професори немале пониски плати. Доцентите имаат плата на ниво на просечна плата во Република Македонија. А асистентите со магистратура имаат под македонскиот просек, вели Биљана Ангелова, неодамна избрана за ректор на УКИМ.
Пристапувањето на Украина во Европската унија и НАТО е веројатно единствената гаранција за тоа како да се обезбеди стабилност во тој регион, изјави чешкиот претседател Петр Павел во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ)
Апсолутно мнозинство, 56 проценти од граѓаните ја осудуваат руската воена агресија врз Украина и не ја одобруваат. Споредено со истражувањето што го правевме минатата година, забележлив е раст во оваа осуда од 3,3 проценти, вели професор Александар Спасеновски.
Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој зборува и за ситуацијата на Косово.
Претседателот Стево Пендаровски не верува во други форми на соработка за влез на Северна Македонија во ЕУ. Директните критики од САД и ЕУ за судството за него се понижувачки, но и дека доаѓаат дури сега. Ситуацијата на Косово ја следиме како членка на НАТО и таму има 65 македонски војници
Менувањето на Преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Во неделното интервју за РСЕ, тој жестоко ги критикува состојбите во судството и борбата против корупцијата.
Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на личности како Путин ќе расте, предупредува холандскиот амбасадор во земјава. Вели дека виновни за тоа се политичарите, дел од медиумите и невладиниот сектор кои ја обвинуваат ЕУ за долгото чекање на земјава пред вратите на Унијата.
Ќе размислиме дали ќе присуствуваме на следните седници на Економско-социјалниот дијалог бидејќи Владата игра задкулисно и сето тоа што сме го договориле на маса, таа го изигрува преку закони донесени по брза постапка, вели потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.
Со телефони во рака, учениците постојано добиваат нотификации и тоа ги дефокусра од случувата во училиштта и со тоа го намалува неговиот интерес за активно учество во наставата, вели професор Тамара Ќупева во интервју за Радио Слободна Европа.
Контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на Советот Весна Дамена, вели во интервју за РСЕ Министерот за правда Кренар Лога
Останува приоритет Преамбулата, па и другите ако најдеме консензус за другите прашања слободно може да течат со ново решение, вели Министерот за правда Кренар Лога. Тој објаснува дека во работната група ќе се разгледува и предлози меѓу кои и прашањето околу албанскиот јазик и процентите.
Судиите не покажаа сосема професинална храброст, одредени предмети во изминативе години се завршија, но долго трае постапките, а дел од нив паднаа и се задржуваа на Апелација е оценката за македонскиот судски систем на поранешната врховна судијка Вера Коцо.
Вчитај повеќе