Инвеститори барале од општината Центар да си дооформат градежна парцела со откуп на државно земјиште. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се уште не се продадени парцелите, но дека ќе се продадат само 10 до 15 проценти, останатиот државен имот ќе биде улици, зеленило и паркинзи.
Oна што би сакале да го видиме е, се разбира, Украина да може да ослободи повеќе територија, да се потиснат војниците на претседателот Путин, а потоа тоа може да создаде услови за некакви преговори, вели во интервјуто за РСЕ, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Поранешнатата министерка Гордана Јанкулоска поднела две претставки до Народен правобранител. Една за неможноста за користење погодности во затворот Идризово, а втората за дискриминација, вели советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска - Мустафа.
За многу кратко време група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека „фаворизира“ одредени криминални групи во државата. Спасовски вели дека најголем дел од криминалците се веќе во затвор, а борбата продолжува против тие кои се занимаваат со рекет, закани и уцени.
Моментално фалат работници буквално секаде, во јавен сектор и приватен сектор. Имаме информации дека моментално текстилни компании даваат парични награди на моментално вработените доколку привлечат нови вработени, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски во неделното интервју на РСЕ.
Тука нема ништо спорно. Законот за трговија дозволува во одредени ситуации Министерството за економија да ѝ предложи на Владата замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Дојавувачите на бомби стануваат дрски, оти не можеме да ги откриеме. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност.
Не можеме да тврдиме дека кај нас нема некакви замрзнати ќелии поврзани со ИСИЛ, или со некоја друга терористичка организација, затоа што факт е дека сите радикализирани лица се вратија од странски боишта. А немаме ниту унифициран начин како да ги дерадикализираме , вели професор Злате Димовски.
Народот не може да создаде толку, колку што власта може да растури, да расипе или да украде - тоа суштинскиот проблем околу корупцијата и криминалот, вели претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник во Собранието Павле Трајанов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Аболиции, законски измени и низа други крупни одлуки што беа донесени изминатите години влијаеа на постапувањата на правосудните органи, вели основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски. Сепак признава дека најголем дел од вината за ниската доверба е „во сопствените редови“.
Еден ден без јавен превоз, без приватни превозници, протест во Водовод и пред МКЦ се дел од настаните кои се случија од првата година од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа вели дека се доживува како успешна градоначалничка, затоа што, како што вели, целта и е да стави ред.
Вчитај повеќе