Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.
И покрај прекршувањата на мерките на настаните на отворено, бројката на заразени со ковид-19 не се зголеми драстично, но наесен работите може да се влошат, оти ќе има поголема концентрација на луѓе во затворена просторија, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Економијата не може да издржи уште едно затворање какво што имавме пролетоска, зашто домашните компании доминантно се микро и мали компании, кои се исклучително ранливи и не се толку издржливи за ваков тип на затворање и ваков тип на криза, вели директорката на Фајнанс тинк, Благица Петрески.
Најголем дел од приливот на невработените лица во ковид-кризата се од производствената дејност. Но и најмногу слободните работни места има токму во производствената дејност, вели директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
МОН имаше време имаше, но веќе нема. Министерството како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките, па затоа и такво ни е образованието, вели во разговор за РСЕ, Владо Димовски, од Центар за толеранција и доживотно учење.
Не може секоја власт да прави експерименти во образованието, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Јасно ни е дека условите за работа не се подеднакво исти во сите училишта на национално ниво, па според тоа не смее да се унифицира еден модел којшто ќе важи за сите, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков во интервју за РСЕ.
Американскиот државен скретар Мајк Помпео, во интервју за РСЕ, изјави дека разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров во врска со извештаите дека Русија наградувала Талибанци за да убиваат американски војници. Помпео се осврна и на настаните во Белорусија и ембаргото за оружје за Иран.
Факт е дека и младите заболуваат од ковид-19 и завршуваат во болница, а тие што ќе завршат на респиратор имаат голем проблем, вели доктор Стојанов.
На здравствениот персонал може да му се помогне само ако се почитуваат мерките и така да падне бројката, инаку да увеземе од некоја друга земја не можеме, вели доктор Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.
Нема актер кој во моментов не се чувствува како да е неправедно осуден, вели актерката и водачот на СКРМ Сања Арсовска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Со неа разговараме за театарот во време на светска пандемија, неговата иднина и за синдикалната борба.
Откако ќе профункционира Колективниот договор, време е да си се повлечам и да си се вратам на професијата, вели актерката и водачот на СКРМ, Сања Арсовска во интервју за РСЕ.
Вчитај повеќе