Освен резултатот да се смени Груевски и сега го имаме Заев како премиер, никакво друго конкретно решение не ни донесе во искорнување на криминалот, на корупцијата, вели Биљал Касами, претседател на Беса во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свикам кога ќе го добијам извештајот од комисијата каде што е во второ читање, вели спикерот Талат Џафери. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство
Долгите периоди без врнежи и човечкиот фактор се главните причини за избувнувањето на пожарите и затоа институциите треба да бидат многу поостри во казнувањето на оние кои несовесно ги предизвикуваат, вели директорот на ЦУК Агрон Буџаку во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Пожарите и подготвеноста на државата во справувањето со природните катастрофи се дел од темите на кои ќе разговараме со директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку. Тој вели дека за примената на законоите во земјава е потребна демократска и институционална култура.
Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски вели дека со буџетот од 9 милиони евра се предвидува и нов младински центар во Скопје. Агенцијата одлуките ги носи во инклузивен и транспарентен процес но се уште треба да се врати довербата на младите во организирано делување, вели тој.
Тој вели дека има доста голем дел млади кои не сакаат да учествуваат во организирано делување и оти треба да се вложат дополнителни напори за враќање на довербата.
Интервју со Бујар Османи
Тепачката во која учествувале Миле Јанакиески и Спиро Ристовски е сплет на несреќни околности, да не кажам една класична местенка изрежирана за дел од тие што учествуваа во тепачката да излезат надвор, вели директорот на Истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ.
Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вели дека немаат контакти со новинарот на италијанскиот весник Ларис Гајсер кој ги објавува снимките за „Рекет“?, а ги немале ниту снимките пред да бидат објавени.
Ние немаме никаква државна стратегија за финансирање на содржини за деца. Без разлика што од Министерството за култура постојано зборуваат дека ќе се посвети поголемо внимание на содржините за деца и за младинци, нам ни се случува истото, вели во неделното интервју за РСЕ - Билјана С. Црвенковска.
Доколку уметникот ја продаде душата тогаш е готово. Нема веќе уметност, вели Џијан Емин.
Вчитај повеќе