Каевски - Закон за млади за нивен поголем ангажман
Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека очекува до крајот на годината да биде донесен законот за младинско учество и младински политики преку кој треба да се зајакне учеството на младите во носењето одлуки кои директно ги засегаат. Тој вели дека има доста голем дел млади кои не сакаат да учествуваат во организирано делување и оти треба да се вложат дополнителни напори за враќање на довербата.