Денеска во Киев знамињата се на половина копје во знак на жалост од вчреашниот руски ракетен напад, во кој загинаа над 40 лица, а над 160 беа повредени. Беше погодена и детска болница, каде што е во тек расчистување на урнатините.
Според првичните резултати, победник на изборите во Франција е левичарската алијанса Нов народен фронт и покрај тоа што очекувањата беа на првото место да заврши крајната десница на Ле Пен. Иако овие резултати се олеснување за многумина во Европа, ќе биде тешко да се формира функционална влада.
Патролни чамци, испорачани од САД, се распоредени на реката Дњепар за да го одбранат главниот град Киев од ракетни и беспилотни летала.
Најмалку 15 лица загинаа во Киргистан како резултат на силните поплави кои предизвикаа уривање на мостови и и патишта. На 2 јули властите прогласија вонредна состојба во четири региони и предупредија дека обилните дождови и ризикот од дополнителни поплави најверојатно ќе продолжат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол ќе биде сменет со бригадниот генерал Андриј Хнатов. Овој потег дојде откако Содол беше критикуван за прекумерни жртви и застарена тактика на фронтот.
Украинска артилериска единица навива за националниот фудбалски тим кој се натпреварува на Европското фудбалско првенство. Војниците ги користат малите паузи во борбите за да гледаат фудбал.
Во некои пакистански провинции, постојат постојани пречки за еднаквоста на жените и девојчињата, од вклучување во образованието до брачни права. За Хума Хашмат, студентка на Универзитетот во Пешавар, стремежот за поголема автономија започнува со возење на нејзиниот мотор.
Некогаш беа лични телохранители на рускиот претседател Владимир Путин, но сега имаат високи позиции како гувернери и владини службеници. Еден од нив дури тврди дека го спасил Путин од мечка. Тој сега е секретар на претседателскиот советодавен одбор.
Тензично e во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест на опозицијата. Власта го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ 3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава.
Тројца Грузијци сведочат како или биле отпуштени или биле под притисок да си дадат отказ доброволно откако ја критикувале владата преку Интернет или се приклучиле на протестите против контроверзниот закон за „странски агенти“.
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е уапсен под сомнение за земање мито во вредност од 10 милиони долари, јавуваат руските медиуми. Што се крие зад апсењето на Иванов и зошто тоа може да го ослабне неговиот шеф, министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Жителите на Подгорица со години се изложени на опасни токсини, благодарение на практиката на околните компании за отпад, кои согоруваат дотраени гуми за да извлечат метална жица од нив. Тоа предизивкува сериозни здравствени проблеми. Црногорските власти молчат, велат експертите.
Вчитај повеќе