Северна Македонија ги укина патничките возови долж Коридорот 10, оти локомотивите се расипани. И тованиот сообраќај не е во добра состојба. Идеја има за брза пруга која ќе фати приклучок на српската, за да се вози со 200 км/час, но проект нема. Моментално дел од возовите се движат и со 20 км/час.
На 24 септември 2023 година, десетици вооружени лица од етничките Срби, нападнаа полициска единица во селото Бањска во северно Косово. Овој месец, косовските власти обвинија 45 лица за нападот, вклучително и политичар за кој се смета дека е на слобода во Србија. Мотивите остануваат нејасни.
Светските лидери се собираат во Њујорк од 24 септември на годишното Генерално собрание на Обединетите нации. Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по израелските напади во Либан и нападите на електронските уреди, плус конфликтите во Газа и Украина се очекува да доминираат на агендата.
Украинка, операторка со беспилотни летала, користи фотографии од повреди на лицето што ги добила во руски напад за да ги зголеми фондовите за помош на армијата. Јана Залевска вели дека била мотивирана да ѝ се придружи на војската кога нејзиниот роден град, Керсон, бил окупиран од руските сили.
Повеќе од една недела семејството Пап од Украина дава се од себе за да ги згрижи и засолни своите шест деца на улиците на Будимпешта. Унгарија ја укина помошта за домување за семејствата бегалци од делови на Украина за кои смета дека повеќе не се во опасност од тековната целосна инвазија на Русија.
Роднини се собраа пред мртовечницата во украинскиот град Полтава на 4 септември за да се обидат да ги идентификуваат жртвите од рускиот воздушен напад претходниот ден. Повеќе од 50 лица се убиени, а над 270 се ранети во нападот на камп за воена обука.
Два руски проектили погодија објект за воена обука во централниот украински град Полтава на 3 септември, при што загинаа најмалку 51 лице, а беа повредени повеќе од 200. Зошто на местото беа собрани голем број луѓе, што ги прави изложени на ризик од еден напад?
Скопјани со месеци се жалат на нередовниот градски превоз, а стравуваат дека хаосот ќе биде поголем со почетокот на новата учебна година. Чекаме со саати, вака е секој ден, назад не знам колку месеци – катастрофа, велат дел од граѓаните во анкетата на РСЕ.
За да ја одбележи 20-годишнината од опсадата овој викенд, документаристот Дмитриј Белијаков се сеќава на средбата со Каргијева и ја раскажува нејзината приказна.
Само за две години преку македонските патарини во земјава влегле на 50 илјади евра во фалсификувани евро монети. Нивната мала парична вредност ги прави едноставни за криминал затоа што ретко кој ги проверува. Но, како да проверите дали имате во паричникот фалсификувани евро монети?
Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ и мајка на две деца, е повторно со своето семејство, откако беше ослободена во историска размена на затвореници по девет месеци минати во руски притвор. Таа беше неосновано осудена на 6 и пол години затвор под обвинение за ширење невистини за руската војска.
Големи количини фекалии помешани со алги пливаат во велешкото Езеро Младост. Хидробиолошкиот институт од Охрид објави дека има виски нивоа на органско и фекално загадување на езерото. Загадувањето е од околните населби, кои не се приклучени на водоводната и канализационата мрежа.
Вчитај повеќе