Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ и мајка на две деца, е повторно со своето семејство, откако беше ослободена во историска размена на затвореници по девет месеци минати во руски притвор. Таа беше неосновано осудена на 6 и пол години затвор под обвинение за ширење невистини за руската војска.
Големи количини фекалии помешани со алги пливаат во велешкото Езеро Младост. Хидробиолошкиот институт од Охрид објави дека има виски нивоа на органско и фекално загадување на езерото. Загадувањето е од околните населби, кои не се приклучени на водоводната и канализационата мрежа.
Вкупно 727 пожари на отворено имало во јули во Северна Македонија. Регионот на Свети Николе е еден од најпогодените. Во дел од селата пламените јазици зафатија и 40-тина куќи. Останатите, се надеваат дека нема да ги снајде истата судбина. Помош во гаснењето доаѓа и од Србија, Чешка и Германија
Олимписките игри започнуваат во Париз, а градот ќе организира спортски настани под Ајфеловата кула и ќе се плива во реката Сена. На официјалните руски и белоруски тимови им беше забрането, иако некои спортисти ќе се натпреваруваат под неутрално знаме.
Пензионираните пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев се вратија во ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување за да ги гасат пожарите кои беснеат низ македонските планини. Граѓаните ги нарекуваат херои додека тие даваат сѐ од себе за да помогнат.
Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од кандидатурата за реизбор и ја поддржа неговата потпретседателка, Камала Харис, да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во 2024 година. Што следува сега?
Легендарната романска гимнастичарка Надија Команечи беше првата која доби совршена 10-ка на Олимпијада, и тоа седум пати во Монтреал во 1976 година. Таа зборуваше за РСЕ за тоа како го поддржува тимот на својата земја за олимпијадата во Париз.
Давид Омаров, роден во Туркменистан, вели дека бил уапсен и мачен таму затоа што бил геј, што е криминал во репресивниот режим во земјата. Тој беше обвинет и за „ширење сида“ додека беше во затвор во 2019 година и беше принуден да потпише признание пред конечно да може да побегне во Полска.
Секоја пролет, стотици овчари и сточари низ Киргистан се преселуваат во планинските пасишта по долга, сложена и често опасна рута. Современите киргистански номади треба да патуваат повисоко во планините отколку пред неколку години во потрага по позелени места за да ги чуваат своите животни.
Лидерите на НАТО на состанокот во Вашингтон ја обновија поддршката за Украина и рекоа дека борбените авиони, ветени за Киев ќе летаат над земјата „ова лето“. Во заедничката декларација, се вели дека патот на Украина кон пристапување во алијансата е „неповратен“.
Лидерите на НАТО се собраа на 9 јули во Мелон Хол во Вашингтон за да ја прослават 75 годишнината од Алијансата, основана на истото место.
Самит на НАТО во Вашингтон, кога Алијансата одбележува 75 години од нејзиното основање. Дописничката на РСЕ Зориана Степаненко јавува дека војната во Украина е на врвот на агендата, но многу сојузници се фокусирани и на претстојните претседателски избори во САД и иднината на НАТО.
Вчитај повеќе