Стотици пожари во јули го опустошија истокот
Вкупно 727 пожари на отворено имало во јули во Северна Македонија. Регионот на Свети Николе е еден од најпогодените. Во дел од селата пламените јазици зафатија и 40-тина куќи. Останатите, се надеваат дека нема да ги снајде истата судбина. Помош во гаснењето доаѓа и од Србија, Чешка и Германија