Во новиот документарен филм „Преживеав“ од Current Time и Балканскиот сервис на РСЕ, една силувана Украинка вели дека сака силувачите и нивните команданти да бидат казнети, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин.
Украинката Дариа Мисенг решила зимата да ја помине во Скопје, далеку од постојаниот звук на сирените кои алармираат за воздушен напад и прекините на електрична енергија поради руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина.
Сирискиот претседател Башар ал Асад ја напушти земјата по 24 години на власт.
Продолжуваат поправките на каналот Ибар-Лепенец, по експлозијата што предизвика загриженост кај локалното српско население. Поради неодамнешните напади на Косово, зголемено е присуството на полицијата во општините на северот, што некои жители на Северна Митровица го сметаат за „окупација“.
Откако престана да работи во октомври 2018 година, „Македонско село“, носи само зијан за државниот буџет. Претходната влада имаше неуспешен обид да го трансформира во стартап село. Новата, пак, најавува воскреснување на туристичкиот комплекс во скопско Горно Нерези.
Милиони жени ширум светот мора да се борат за основните човекови права. Во места како Авганистан, Иран и Балканот, предизвиците со кои се соочуваат жените варираат. Под власта на Талибанците, авганистанските жени се избришани од јавниот живот и им се ускратени основните слободи.
Ексклузивната приказна за еден украински дуќанџија, волонтер на територијална одбрана, чие тело беше пронајдено, со врзани раце и рана од куршум во главата во Буча. Олексиј Побихај беше меѓу стотиците Украинци масакрирани од окупаторските руски сили во март 2022 година.
На 30-годишнината од стартот на изградбата на пругата кон Бугарија скепса кај граѓаните дека ќе биде завршена. Додека на највисоко ниво има натегања меѓу двете земји за условите за градење на граничниот тунел кој ќе ги поврзе, РСЕ на терен каде бавно оди изградбата на пругата од македонска страна.
Осум ипол години огромниот објект на новата болница во Штип стои празен - работници последен пат влегле тука во 2017. Во меѓувреме, внатре почнало да пропаѓа и тоа што било направено. Мицкоски најави дека се работи на медицинско-техничко-економски модел и очекува од 2025 да продолжи изградбата.
Колку и да е парадоксално, кабелот е причина што не проработи новиот дел на струмичката болница. На тоа упатуваат изјавите на соговорниците на РСЕ, зошто една од најсовремените болници во јавното здравство во Северна Македонија не е во употреба иако изградбата беше завршена уште во 2021 година.
Жителите на Кичево и околината се лекуваат во зграда што се распаѓа, стара еден век. Нова болница почна да се гради пред 39 години. За тоа време се потрошија милиони евра, а зградата уште е карабина. Министерот Таравари рече дека изградбата на оваа болница е меѓу приоритетите на Владата.
Гласачите во Вашингтон, доцна на 5 ноември се собраа на јавни места за да ги следат резултатите од претседателските избори. Расположението беше различно, во зависност од тоа кого поддржуваат.
Вчитај повеќе