Што е најголем проблем за младите во Северна Македонија и колку тие се дел од изборните програми на партиите? Во пресрет на Парламентарните избори, на оваа тема разговаравме со подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Демократско движење.
Група ученици од осмо и деветто одделение во основното училиште „Александар Македонски“ во Скопје, речиси половина година се дел од медиумскиот клуб „Млади креативци“. Како медиум за новинарски израз ја избрале социјалната мрежа Инстаграм.
Сè помалку ученици, а сè повеќе наставници, празни училници и затворени училишта. На ваква слика укажуваат официјалните податоцина Државниот завод за статистика, како и наставниците и експертите, кои го анализираат македонското образование.
Откако Законот за јавна чистота од 2008 година предвиде парична казна за фрлање отпушоци на јавен простор, тогашната власт, во 2010, на билборди ги предупредуваше граѓаните дека ако заборават каде е пепелникот, лесно ќе изгубат 3000 денари. Како е денес низ Скопје? Колку се фрла, а колку се казнува?
Дамјан Ристовски, Костадин Балкански, Бојан Петковски, Антонио Стојчевски и Шериф Мустафа се млади колекционери на традиционални носии. За изложбата „Алки“, се здружија за да прикажат носии од пет етнички предели од горновардарската етнографска целина.
Соби со скршени прозорци низ кои излегува топлината од парното, а влегува зимскиот студ, два тоалети на еден цел кат, само три туш кабини за речиси 50 луѓе... Во вакви услови живеат осумдесетина ученици сместени во ученичкиот дом на средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“, во Скопје.
Документот е продолжение на Декларацијата за подобар студентски стандард потпишана пред четири години, од кој круцијалните барања останале неисполнети. Сегашните студенти немаат многу надеж дека овојпат ќе биде поинаку, но нивните студентски лидери бараат притисокот врз властите да биде посилен.
Студентското собрание на УКИМ го презентираше документот „Студентски манифест“, кој очекуваат да биде потпишан од политичарите. Тие, пак, наскоро ќе ја презентираат својата агенда во пресрет на претседателските и парламентарните избори. Го слушаат ли политичарите гласот на младите?
Никола Нешкоски од Скопје со велосипед го освои Охос дел Саладо - највисокиот активен вулкан во светот, со што се приклучи на група од само десет поединци кои успеале да направт ваков подвиг. Илија Деревјов беше дел од експедицијата на Андите.
Радовишанката Марија Ристова одгледува шарпланинци веќе пет години. Најголем дел од нив заминуваат во странство, каде вели, многу повеќе се цени оваа автохтона македонска раса која таа сака да му ја претстави на светот.
Физичките пресметки меѓу млади гo полнат билтенот на македонското Министерство за внатрешни работи. Но, младите се повредуваат меѓусебно и со зборови. За тоа каде е коренот на агресијата и што може да се направи за сликата да се подобри, зборувавме со млади, со родители и со психолог Никола Дукоски.
РСЕ помина еден час по практична настава во државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, во Скопје. Таму видовме како Теа, Јована, Ангела, Давид, Адиса, Маркијан, Ерато и Бојан другаруваат и учат од професорот Александар Пановски-Пуцко.
Вчитај повеќе