Од Цвета до Лејди Гага – шарпланинците на Марија заминуваат во странство
Радовишанката Марија Ристова одгледува шарпланинци веќе пет години. Најголем дел од нив заминуваат во странство, каде вели, многу повеќе се цени оваа автохтона македонска раса која таа сака да му ја претстави на светот. За неа ова е извор на среќа која ја споделува со другите, а не извор на приход. Тоа што е во количка поради сообраќајка, не ја спречува да го прави тоа што го сака. Па со својата ангажираност на повеќе полиња, би сакала да биде пример дека сѐ е остварливо.