Дваесетгодишниот Карох Пиштеван од Ирак дошол во Србија во 2017 година и решил да остане.
Агаѓул Ахмадел е од Авганистан, а живее во Бугарија веќе шест години. Дошол кога имал 14 години, сам, без своето семејство. Почнал нов живот во Бугарија - работи во ресторан, оди во училиште и игра крикет за бугарската репрезентација.
Талат Тајара e бегалец од Сирија, кој повеќе од 10 години живее во Букурешт, Романија. Вели дека животот како бегалец не е лесен, но тој е среќен што со своето семејство живее на безбедна локација каде нема војна.
Јан Мерса Мохамад бил мало дете кога неговото семејство побегнало од конфликтот во Авганистан. Дел од патувањето до Европа го поминал пеш и со брод. Сега има 14 години, живее во Будимпешта, се чувствува како дома во својата нова земја и сонува да направи кариера како професионален фудбалер.
Хилда Хрекес е 29-годишна Сиријка од Алепо. Taa ја напуштила родната земја во 2011 година, за да студира во Загреб. Две години подоцна се преселила во Бањалука, Босна и Херцеговина, каде почнала да пее во црковни хорови и да се занимава со црковно пеење.