„Бев млад и сам“: Бегалец од Авганистан почна нов живот во Бугарија
Агаѓул Ахмадел е од Авганистан, а живее во Бугарија веќе шест години. Дошол кога имал 14 години, сам, без своето семејство. Почнал нов живот во Бугарија - работи во ресторан, оди во училиште и игра крикет за бугарската репрезентација. Сака да остане во својата нова земја и неговиот сон е да се обедини со неговото семејство кое сè уште е во Авганистан.