Новиот ЕЕС систем е воспоставен за да ги направи базите на членките на ЕУ поповрзани за да се олесни следењето на времето и местото на престој на патниците. Една од целите е и да се отежни влезот на криминалци или терористити во ЕУ со лажни пасоши
Невообичаено топли температури ја одбележаа зимата која и календарски одминува. Повозрасните граѓани велат дека не паметат толку топла зима како годинашната.
Во Македонија, нема прецизни податоци за употреба на јаглен во домаќинствата. Загадувањето од јагленот повеќе доаѓа од енергетскиот сектор.
Руската агресијата врз Украина на виделина извади и некои инфраструктурни слабости во земјите членки, па се планира подобрување на патната и железничка инфраструктура. Прашање е дали земјава ќе може да искористи дел од тие пари.
В недела на 20 ноември почнува фудбалското Светско првенство во Катар 2022 година - мега спортски настан за коj и натаму постои дилема дали на крајот ќе се памети како еден од најдобрите мундијали според квалитетот на фудбалот што ќе се игра или, пак, по контроверзите кои му претходеа?
Зголемени цени на основните прехранбени продукти, на струјата и на нафтата, се само дел од неповолните ефекти врз животниот стандард од војната во Украина. Трпи и бизнисот и се затвораат компании. Граѓаните велат цените се до плафон и очекуваат помош од држвата.
Единствениот гас што се користи во земјава е руски. Алтернативите засега се на хартија. Се планира гасоводно поврзување со Грција и инвестиции во гасна централа во Александрополис. Тендерот за гасоводот ќе се објави во јуни, а во рок од 18 до 20 месеци треба да биде завршено гасното поврзување.
Првото НАТО оценување откако Македонија стана членка на Алијансата заврши со највисока оценка и пофални зборови за способноста и професионалноста на војниците од лесниот пешадиски баталјон. Надлежните велат дека буџетот на одбраната е дуплиран, а во тек е процес на модернизација на Aрмијата.
Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики и незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, а со тоа прети опасност дека во следните децении нема да има кој да произведува храна во земјава.
Поголема соработка меѓу производителите, преработувачите, државата и науката е нужна за зголемување на земјоделското производство, кое со децении опаѓа. Недостигот и поскапувањето на храната поради војната во Украина ја нагласува важноста од домашно производство на основните прехранбени производи.
Во ниту еден момент во пандемијата немаше недостиг од крв и поради тоа да се откажуваат операции, велат во Црвениот крст. Во многу земји во светот, пандемијата и големиот број заразени значително го намалија бројот на крводарители, па во опасност е доведено и редовното работење на болниците.
Седумнаесет години кандидат за зачленување, а 13 години и со препорака за почеток на преговорите Македонија се уште чека напредок во евроинтеграциите, кои овојпат се блокирани од Бугарија. Во меѓувреме имаше разни владини проекти за одржување на темпото на реформи.
Вчитај повеќе