Колумбиецот Јанко нема македонски корени, но има голема пасија за македонската песна, па, вели, чувствува и желба и обврска да му покаже на светот колку е богата македонската култура. Тој и неговата екипа музичари настапуваат низ Европа и сонуваат за една македонска турнеја.
Машките патници во Пешавар често се изненадени кога ќе ја најдат Сана Кан зад воланот, но таа ги уверува дека има возачка дозвола и дека е целосно способна да го вози таксито. Таа верува дека е првата жена таксист во пакистанскиот град.
Жители на Мариупол, окупиран од Русија, одбиваат да се вселат во становите што ги ослободија оние кои избегаа од градот за време на гранатирањето. Рускиот претседател Владимир Путин ги тера локалните власти да ги наполнат со жители кои немаат каде да живеат.
Зошто од кафулињата да ечи странска, кога може македонска музика, колку и како етно звукот може да им биде близок на новите генерации? Вакви теми во поткастот „Зошто“ отворивме со композиторот и инструменталист Николче Мицевски.
Украинските минофрлачки тимови се борат против руските беспилотни летала и напаѓачките групи кои се обидуваат да напредуваат кон Торецк во украинската област Доњецк. Маријан Кушнир од РСЕ беше со припадници на баталјон на Украина на фронталната линија.
Поминаа 30 години од Првата чеченска војна кога Москва ја нападна отцепената Чеченска Република, a главниот град Грозни го претвори во пепел. Исто како и со сегашната војна против Украина, Русија очекуваше брза победа и да најде приемчиво локално население, но наместо тоа наиде на силен отпор.
Лекарите во болницата во јужниот авганистански град Кандахар изјавија за РСЕ дека примиле 5.500 неухранети деца само во последните шест месеци. Тоа доаѓа откако Меѓународниот комитет на Црвениот крст во октомврискиот извештај објави дека речиси три милиони деца во Авагнистан страдаат од неухранетост
Со порака „Правда за Фросина“, се одржа голем граѓански протест во Скопје (02.02.2025) предводен од родителите и сестрата на загинатата студентка Фросина Кулакова.
Стотици луѓе, главно студенти, одат пеш од Белград до Нови Сад во последниот од бранот протести во Србија. Демонстрациите започнаа во ноември по уривањето на покривот на железничката станица, трагедија, за која, демонстрантите ја обвинуваат владината негрижа и корупцијата.
Четири лица загинаа, а најмалку девет се повредени по напад на руски дрон во текот на ноќта врз станбен блок во градот Суми во североисточна Украина. Градот и околината се честа мета на гранатирања.
Амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти кои се жалат на симптоми на грип. Лекарите предупредуваат дека бројот на заболени ќе расте, а пикот на вирусот се очекува во втората половина на февруари. Погледнете како да го препознаете грипот и уште поважно, како да се заштитите.
Вчитај повеќе