Стотици луѓе, главно студенти, одат пеш од Белград до Нови Сад во последниот од бранот протести во Србија. Демонстрациите започнаа во ноември по уривањето на покривот на железничката станица, трагедија, за која, демонстрантите ја обвинуваат владината негрижа и корупцијата.
Четири лица загинаа, а најмалку девет се повредени по напад на руски дрон во текот на ноќта врз станбен блок во градот Суми во североисточна Украина. Градот и околината се честа мета на гранатирања.
Амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти кои се жалат на симптоми на грип. Лекарите предупредуваат дека бројот на заболени ќе расте, а пикот на вирусот се очекува во втората половина на февруари. Погледнете како да го препознаете грипот и уште поважно, како да се заштитите.
Екипата на Радио Слободна Европа направи обиколка низ општината Шуто Оризари чии жители се пожалија дека Градот Скопје ги става на маргините. За отпадот, кој таму не може, а да не го забележите, нема решение ни градоначалникот Курто Дудуш, ниту пак градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Една од клучните сообраќајни артерии во Белград се претвори во камп на 27 јануари. Луѓето готвеа, играа игри и поставуваа шатори. Илјадници студенти и граѓани се собраа на 24 часовна блокада, барајќи одговорност за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Денот на сеќевање на Холокаустот на 27 јануари ја одбележува 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Озлогласениот нацистички логор на смртта се наоѓал во Полска, окупирана од Германија за време на Втората светска војна. Повеќе од 1 милион луѓе-главно Евреи биле систематски убиени на ова место.
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ќе ја прекине помошта за Авганистан доколку Талибанците не ја вратат воената опрема вредна над 7 милијарди долари, оставена зад себе по бурното повлекување на американската војска од земјата во 2021 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше преку видео-врска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Одговарајќи на прашања во врска со неговото ветување за брзо завршување на војната во Украина, Трамп рече дека сака наскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин
Под интензивен руски оган, Покровск е на линијата на фронтот. Клучниот центар за снабдување е под силно гранатирање. Жителите бегаат од запалените станбени згради поради постојаната закана од напади со руски беспилотни летала. РСЕ беше во Покровск.
Авганистанците кои добија дозвола за преселување во Соединетите Држави се плашат дека извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп ќе ги стави во голем ризик. Тие им помагаа на американските сили пред Талибанците да ја преземат контролата во 2021 година.
Колку сме подготвени за пожарите кои може да се случат претстојното лето и како беше додека се гасеа ланските? На овие теми разговараме со пензионираниот пилот Стоје Арсовски
Вчитај повеќе