Авганистанците кои добија дозвола за преселување во Соединетите Држави се плашат дека извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп ќе ги стави во голем ризик. Тие им помагаа на американските сили пред Талибанците да ја преземат контролата во 2021 година.
Колку сме подготвени за пожарите кои може да се случат претстојното лето и како беше додека се гасеа ланските? На овие теми разговараме со пензионираниот пилот Стоје Арсовски
Откако Доналд Трамп повторно се пресели во Белата куќа како претседател на САД, се отвораат три потенцијални клучни точки за односите меѓу Вашингтон и Брисел. Објаснува уредникот на РСЕ за Европа, Рикард Јозвијак.
Од овој ден нашата земја повторно ќе процвета и ќе биде почитувана низ целиот свет, изјави, меѓу другото, Доналд Трамп, во говорот по преземањето на функцијата претседател на Соединетите држави. Тој денеска стана 47. претседател на САД.
Со стапувањето на должност, Доналд Трамп, како претседател на САД, тој се соочува со неколку надворешнополитички предизвици. Како што објаснува Мајк Екел од РСЕ, војната во Украина и Русија се на врвот на агендата.
Илјадници луѓе отпатуваа во Вашингтон за да присуствуваат на масовниот митинг што го одржа Доналд Трамп еден ден пред неговата инаугурација. Толпата чекаше надвор во долги редици и покрај суровото зимско време додека многумина ја изразија својата возбуда поради враќањето на Трамп на функцијата.
Секоја година во Иран се убиваат жени и девојки од роднини кои велат дека ја штитат „честа“ на своето семејство. Еден извештај во ирански весник вели дека најмалку 165 случаи на фемицид се случиле во Иран помеѓу март 2021 година и јуни 2023 година.
Додека Доналд Трамп ја презема функцијата ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина, Тајван внимателно следи како Вашингтон ќе се однесува со своите партнери од првата линија.
Повеќе од 750.000 руски војници се убиени и ранети откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз Украина пред речиси 3 години. Меѓутоа, внатре во Русија владее тишина: нема бес, нема протести, нема јавна критика. Зошто?
Етничките Срби кои живеат во Косово ги осудија рациите на властите во општинските канцеларии во 10 области поддржани од Србија.
По една година интензивна трговија и градежни проекти во 2024 година, има нов моментум за растечката улога на Пекинг во Авганистан и продлабочување на врските со Талибанците. Но, дали загриженоста за безбедноста може да го спречи новиот бран инвестиции?
Од осамостојувањето, железничкиот сообраќај во Македонија пропаѓа. Немаше инвестиции во нова, а ниту во постоечката железничка мрежа. Пругата кон Бугарија, која е дел од коридорот 8, уште не е готова.
Вчитај повеќе