Жаклина Илиевска е родена 6 јануари 1972 во Германија. Вработена е во Телевизија Кис како водителка од 1994 година. Од 2001 година е дописник на Радио Слободна Европа од Тетово и Гостивар
750 абортуси на 2.186 извршени породувања, минатата година се регистрирани во гинеколошко акушерското одделеление во Тетово. Последниве години според статистичките податоци, бројот на абортуси обично достигнува 50% од бројот на породувањата.
Бербата на вишната е оддложена поради ниската откупна цена, а производителите на ова овошје бараат средба со владата, односно Министерството за земјоделство. Освен регулирање на откупната цена, тие бараат од владата да им помогне и околу обезбедување на пласман.
Градежништвото е меѓу оние дејности најповеќе погодени од економската криза. Во Тетово фирмите кои продаваат градежни материјали, велат дека годината за половина им е намален прометот, бидејќи луѓето и инвеститорите ги оддложуваат плановите за изградба на објекти.
Во вториот изборен круг во Гостивар кандидати се досегашниот градоначалник Невзат Бејта од ДУИ, и независниот кандидат Руфи Османи. Можно е да одлучуваат гласовите на Македонците.