Достапни линкови

Градежништвото погодено од рецесијата


Градежен работник
Градежен работник
Во Тетово стагнира изградбата на станбени објекти, а прометот на фирмите кои работат со градежни материјали паднал за половина. Една од последиците на светската економска криза е тоа што во Тетово деновиве ретко кој видел камион или трактор натоварен со цигли. Граѓаните стравуваат да вложуваат во објекти, инвестициите ги одложуваат за подобри времиња, откриваат вклучените во овој бизнис, Дејан Јакимовски и Фламур Дурмиши.

„Продажбата со светската економска криза, ако го споредиме периодот на минатата година и оваа, сигурно е намалена за 50%.“

„Некаде 30-40% годинавата имаме намалена продажба.“

Тетово до лани можеше да се препознае по раздвиженоста на градежната оператива. Работите се сменија премногу брзо и во голем обем. Визна либерализација, односно шансата да се продава надвор од државава е лекот. Кризата во западно евроспките земји ќе трае
Продажбата со светската економска криза, ако го споредиме периодот на минатата година и оваа, сигурно е намалена за 50%
пократко во споредба со нашата земја, сметаат претприемачите.

„Ние како претпријатие веќе имаме направено бизнис план за се прошириме и да почнеме и со сериско производство и да извезуваме и во странство. Но, први визниот режим многу влијае, а второ и економската криза и за големите, но и за малите претрпијатија прилично се чувствува и камантите стапки се покачуваат.“

Фирмите во моментов единствениот спас за да опстанат го гледаат во намалување на цената на нивните производи.

„Цените се оваа година намалени од 10-15% и од надвор од каде што ги земаме е иста ситуацијата.“

„Ние мораме да ги намалиме цените, за колку толку луѓето да се решат на некакво инвестирање.“

Некои стоваришта за градежни материјали практично престанале со работа. Како што сме информирани, дел од стовариштата не работаат со полно работно време но не ги затвораат фирмите затоа што чекаат подобри времиња.
XS
SM
MD
LG