Достапни линкови

Бејта и Османи ,,во трка" за Гостивар


Гласачки кутии
Гласачки кутии
Натпреварот за освојување на градоначалничката функција во Гостивар е еден од дербиата на овие избори. Вниманието на избирачите од тој крај го привлекува и фактот што во него е актуелен градоначалник кој широко стана познат по интензивно работење и за наши услови радикални мерки од едната страна, и независен кандидат, плус, станува збор за можно прво успешно враќање во политиката, што значи две ситуации кои се реткост во Македонија. Гостивар е можеби единстевната локална самоуправа во Македонија во која управувачкито апарат беше составен исклучиво од една партија и една етничка група. Работите по изборите по се изгледа ќе се сменат, бидејќи се менуваат времињата, но можеби уште поважно. Ниеден од кандидатите нема да може да победи без да гласови од македонците.

„Тоа никогаш не било спорно. Каде ќе имаме македонец професионалец ќе биде раководител македонец, а заменикот ќе биде албанец и обратно.“

За Бејта ќе биде важен евентуалниот коалиционен договор кој ќе го направат партиите. Руфи Османи во случај на победа ќе предложи администрација која ќе ја одсликува етничката слика на општината.

„Јас сето тоа ќе го имплементирам базирајќи се на прописите, базирајќи се на адекватната застапеност имајќи го во предвид квалитетот што ќе се понуди и можната коалициона структура во Советот на општината. Значи тоа ќе го имплементирам и во вработувањето и во менаџерските тимови.“

Двајцата кандидати сметаат дека се на вистински пат. Убедени се дека направиле или дека ќе направат многу за сите граѓани, па од сите и бараат поддршка.

„Јас имам работено во интерес на сите граѓани во општина Гостивар и се надевам на поддршка од сите, а ние сме и на централно ниво во коалиција така да ќе имаме поддршка и од коалицијата.“

„Во оваа прилика се надевам дека граѓаните ќе ги остават препораките од политичките партии. Тие се свесни дека во Гостивар ние ќе се занимаваме со нивните локални проблеми.“

Влогот е голем а развивањето на кампањата ги натера гостиварските кандидати на победата во оваа трка да се влжат потполно. А добивка, како Што напомнавме на почетокот на оваа приказна, на крајот може да има за сите сопственици на избирачки глас.
XS
SM
MD
LG