Членовите на бендот „Звучен бран“ имаат оштетен вид, но исклучително добар слух и талент за музика, вели наставникот по музичко Кристијан Тасевски. Инклузивниот бенд е формиран пред еден месец, па сега го полнат репертоарот.
Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, доби директен влез во полуфиналето на хрватското „Суперталент шоу“, кое е по лиценца на британско шоу ,,Got Talent”.
Ретко кој млад човек во земјава ги знае политичарите на лик и по име. Некои, не знаат ниту кој ни е премиер и претседател. Ова го покажа нашата анкета, а го потврдуваат и истражувањата. Зошто младите не ги интересира политика и како ќе гласаат на избори ако е така?
Триесетичетиригодишната Катерина Андова веќе 20 години живее со автоимуното заболување алопеција, поради кое нема коса, ниту трепки и веѓи. Последниве шест месеци излегува од дома без марама, сигурна во себе и подготвена да се соочи со погледите на сограѓаните во Неготино.
Куманово скелетонс или Куманово костури се првиот и единствен клуб за американски флег фудбал или фудбал со знаменца во земјава. Она што почнало како ентузијастичка идеја меѓу пријатели, денес ги носи на меѓународни натпревари.
Дваесетидеветгодишната Ема Никочевиќ е првата македонска судијка со значка на ФИБА - Меѓународната кошаркарска федерација, што значи дека во иднина може да суди на меѓународни натпревари.
Студентот Елефтерис Кордаѕис од Атина, една седмица беше гостин во домот на средношколката Михаела Николоска во Скопје. Повод за ова дружење од кое, велат, се родило пријателство, беше единаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Фотографот Горан Тачевски кој живее во Прага, а е роден во Скопје, во текот на следните 365 дена често ќе доаѓа дома за низ фотографскиот објектив да лови приказни за обични луѓе во реални ситуации. Планот му е фотографиите да ги стави во книга за да ја прикаже неговата перспектива на животот овде.
Tимот „Петте ѕвезди“ составен од средношколци од скопската гимназија „Панче Арсовски“ направи преносен паметен пластеник кој штеди струја, а користи минимално количество на вода.
Петтото издание на настанот „Омнибустопија“ освен концерти, работилници, изложби и разговори, понуди и настап на Драган Теодосиев трио во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Триесетгодишната Сандра Мембала од Конго живее во Скопје повеќе од пет години. Ова не ѝ била првично планирана дестинација кога заминала од дома како мигрантка, но откако дошла вели дека го нашла местото кое нуди подобар живот и би сакала тука да остане засекогаш.
Скопјанката Теодора работи во средина каде мажите се убедливо доминанти според бројноста. Но, ниту ова, ниту коментарите на околината дека на градежен објект е небезбедно или дека не е добро да соработува само со мажи не ја одвратиле од идејата да го следи својот сон.
Седум сестри со моминско презиме Бериша, отвориле фамилијарен бизнис со пецива среде пандемија, во Скопје. Одат напред водени од родителските совети за храброст и упорност и поддржани од двајцата браќа и од сопрузите.
Некои ученици имаат учебници уште од крајот на минатата година, но велат, исто како да ги немаат сите , бидејќи повеќето се распаѓаат. Други уште чекаат учебници. Од Министерството за образование и наука (МОН) порачуваат дека училиштата треба да ги пријават оштетените за да се испечатат нови.
Дваесетитригодишниот Драган Денковски како средношколец почнал да зема улични дроги и тоа го правел пет години. Пред камерата на РСЕ раскажа како наркотиците му го уништувале животот, но и како успеал да излезе од кругот на зависноста.
На повеќе крстосници низ Скопје возачите редовно се среќаваат со чистачите на ветробранските стакла или „шофершајбните“. Од Министерството за внатрешни работи велат постојано се преземаат мерки, но нашиот соговорник тврди дека досега немал проблем со полиција.
Графити уметниците Марјан Димиќ- Мачка и Драган Китановски - Драш велат дека на Скопје му фалат повеќе шарени згради и исцртани локации, бидејќи муралите и графитите во модерните градови се духот на градот, а со разубавување на фасади кои ги јаде забот на времето, се разбива и монотонијата.
Емели и Шантал од Аруба имале неколку опции за волонтирање во странство, но ја избрале Северна Македонија. Во нивниот двомесечен ангажман тие се дружат и учат со децата во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.
Веќе седум години кавадарчанецот Борче Стаменов после редовната работа во компанија за електроника, уште минимум половина работно време се посветува на нешто кое не му носи екстра пари, но му носи задоволство.
Скопјанецот Или Морина вели дека многу му е здодевно на часовите по математика. Не затоа што математиката не му оди, туку затоа што му оди толку добро што она што го предава професорот, тој веќе го знае.
Вчитај повеќе