Семра Рашити: Докажав дека „има леб од уметност“
За 23-годишната Семра Рашити уметноста е пасија од дете. Избрала да учи Архитектура, обесхрабрена од коментарите дека од уметност не може добро да се заработува. Уште малку ќе дипломира. Архитектурата останува опција, но на коментарите за уметноста одговорила со отворање на свое ателје за уметнички изработки, каде вели заработува добро, особено во лето, кога има повеќе туристи низ чаршијата.