Уличната уметница Јана: „Ако сите си заминат ќе нема кој да го разубавува Скопје“
Освен во кафулиња, 31-годишната улична уметница Јана Гигова свири и пее на улица повеќе од 15 години. Повремено има други ангажмани поврзани со музиката, јазиците и уметноста, но вели досега немала потреба да им се посвети целосно, бидејќи вака вади добар приход. Предупредува дека музицирањето на улица не е за секој, а лично за неа, овој концепт е добар додека си млад и со слободен дух, но и подготвен за непредвидливи ситуации. Настапувала низ цела Европа, но за неа дома си е дома.