Украина бара покана за членство во ЕУ, како „моќен одговор“ кон Русија

Во пресрет на денот на Европа, Украина бара од ЕУ- статус кандидат за членство во блокот, во услови на воена криза во земјата по руската инвазија. Тој барањето го упати денеска „во моментов – во услови на војна, во рамките на специјалната скратена процедура за добивање членство во ЕУ“.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска побара покана за членство во Европската Унија потенцирајќи дека тоа ќе биде многу „моќен одговор“ на неиспровоцираната инвазија на Русија. Тој вели дека европскиот блок треба да и обезбеди статус -земја кандидатка за членство во ЕУ на Украина „во моментов – во услови на војна, во рамките на специјалната скратена процедура за добивање членство во ЕУ“.

Зеленски, кој се обрати на меѓународна конференција посветена на поддршката на Украина, исто така го повика Западот да преземе активна улога во големата програма за обнова на неговата земја по војната.

Видете и ова: Русија објави тридневен прекин на огнот, Украина тврди дека борбите продолжуваат

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна неиспровоцирната инвазија врз Украина на 24 февруари, бидејќи тој бара сфера на влијание врз поранешните советски држави, вклучително и Украина, со цел да ја спречи нивната интеграција во западните организации, истакна Зеленски на меѓународната конференција за поддршка за Украина преку видео обраќање.

„Оваа војна на Русија против Украина беше планирана како увертира за удар врз обединета Европа. Поголемото обединување е моќен одговор“, изјави тој.

Кандидатурата ја отвора вратата за формални преговори за членство, процес кој вклучува усвојување на воспоставеното право на ЕУ и исполнување на други услови, познати како критериуми за пристапување.

Украина тргна на патот кон интеграција во ЕУ по соборувањето на рускиот претседател Виктор Јанукович во 2014 година. Владата полека почна со спроведување политички и економски реформи поддржани од ЕУ во текот на годините и изрази фрустрација поради одложувањата на блокот во започнувањето формални преговори за членство.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Украинка која ги изгуби нозете се омажи и ја врати волјата за живот

ЕУ која брои 27 земји членки, не го прошири своето членство речиси една деценија поради слабата поддршка од клучните земји во услови на бавен економски раст.

Зеленски во својот денешне говор осврнувајќи се на Маршаловиот план, огромната иницијатива на САД за обнова на Европа по Втората светска војна како бедем против Москва, изјави дека на Украина и треба „стратегиски меѓународен план за поддршка“, вклучувајќи пари, технологија и специјалисти.

Видете и ова: Може ли Азербејџан да ѝ помогне на Европа да ја прекине зависноста од руски гас?

Руската инвазија ја уништи економијата на Украина, уништувајќи инфраструктура вредна десетици милијарди долари - вклучувајќи аеродроми, мостови, пристаништа и електрани. Милиони луѓе ги напуштија своите домови. Украинските власти ја проценија штетата во стотици милијарди долари.

Зеленски смета дека таканаречениот „Маршаловиот план“ за неговата земја ќе им овозможи на Украинците кои побегнале од борбите, вклучително и во земјите на ЕУ, да се вратат во градовите и селата.

„Таквите инвестиции од слободниот свет - ако се брзи, ако се доволни - ќе значат дека милиони наши луѓе кои станаа внатрешно раселени поради оваа војна ќе можат да се вратат дома“, рече тој.

Русија објави тридневен прекин на огнот, Украина тврди дека борбите продолжуваат

Во меѓувреме, Русија денеска објави тридневен прекин на огнот со цел да се евакуираат цивилите кои се уште се наоѓаат во фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол. Според украинската армија пак се уште се водат „крвави битки“ за стратегискиот пристанишен град, а цивилите се заробени внатре.