Достапни линкови

Многу цивили и понатаму се блокирани во Мариупол


Евакуирани цивили од Мариупол во автобус, чекаат да заминат за Запорожје
Евакуирани цивили од Мариупол во автобус, чекаат да заминат за Запорожје

Првата група на евакуирани, околу 100 украински цивили, требаше да заминат во југоисточниот град Запорожје, кој е во рацете на Украинците. Се претпоставува дека во градот можеби се уште останале околу 100 илјади луѓе, меѓу нив и околу 2.000 украински борци кои се засолнати во Азовстал. Луѓето кои останале таму немаат вода, храна и лекови, а руските сили ги држат под опсада.

Стотици цивили се уште остануваат блокирани во бункерите под фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мароупол. Фабриката е последното упориште против руската опсада. На 1 мај имаше операција за евакуација на цивили од овој разурнат град, кој се наоѓа на море. Евакуацијата на 2 мај е запрена, бидејќи Русија продолжи со гранатирање на Азовстал.

Првата група на евакуирани, околу 100 украински цивили требаше да се упатат кон југоисточниот град Запорожје, но операцијата доцни, велат властите, без да наведат детали. Запорожје се наоѓа на 230 километри северозападно од Мариупол и е во рацете на Украинците.

Но луѓето кои останаа во индустрискиот комплекс Азовстал во Мариупол немаат вода, храна и лекови, а руските сили ги држат под опсада.

„Тоа е вистинска хуманитарна катастрофа“, изјави потпретседателката на украинската влада, Ирина Верешчук.

Стратешката локација на Мариупол во близина на полуостровот Крим, кој Русија илегално го анектираше од Украина во 2014 година, го направи градот цел на немилосрдни руски бомбардирања. Во градот до пред војната имаше околу 400 илјади луѓе, а сега е град на урнатини. Се претпоставува дека во градот можеби се уште останале околу 100 илјади луѓе, меѓу нив и околу 2.000 украински борци кои се засолнати во индустрискиот комплекс Азовстал, единствениот дел од градот што не е окупиран од Русите.

Во меѓувреме Украина најави дека привремено ги затвора своите четири главни поморски пристаништа, откако ја загуби контролата над нив од руските сили.


Украинското Министерството за земјоделство на 2 мај соопшти дека пристаништата Бердјанск, Мариупол, Скадовск и Херсон ќе бидат затворени „додека Украина не ја врати контролата врз нив“.

„Оваа мерка е предизвикана од неможност за сервисирање на бродови и патници, товар, транспорт и други, економски, поврзани активности како би се обезбедило и соодветно ниво на безбедност на превозот и усогласеност со меѓународните договори“, соопшти Министерството.

Од Министерството велат дека Украина дефинитивно ќе продолжи со работа на овие пристаништа по победата над руските трупи.

Денешното соопштение е главно формална најава, бидејќи Русија ги блокираше или зазеде пристаништата откако ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 2 мај рече дека Украина би можела да загуби десетици милиони тони жито поради тоа што Русија ги контролира бродски патеки во Црното Море.

Организациите како што се Обединетите нации предупредија дека војната на Русија против Украина може да предизвика голема криза со храна која ќе влијае на Европа, Азија и Африка.

Мариупол: Како просперитетен украински град е претворен во гробишта
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:12 0:00

Британија - На Русија ќе и требаат години да ги надомести загубите

Британското разузнавање денеска соопшти дека на фронтот руските сили претрпеле толку големи загуби што ќе бидат потребни години за да ги надополнат. Се наведува дека повеќе од 25 отсто од руските напаѓачки сили се оневозможени од почетокот на конфликтот кој започна на 24 февруари.

На почетокот на инвазијата, Русија ангажираше повеќе од 120 баталјони што претставуваат околу 65 отсто од целокупните нејзини копнени борбени сили, соопшти британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен.

„Веројатно е дека повеќе од четвртина од овие единици сега се борбени неефикасни“, се вели во соопштението на британското Министерство. Во него се додава дека некои од најдобрите руски единици, вклучително и воздушните сили, претрпеле најголеми загуби.

„На Русија веројатно ќе и требаат години да ги реконституира овие сили“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Што мислат московјани, зошто Западот испраќа оружје во Украина?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00


Првата дама на САД во посета на Романија и Словачка

Првата дама на САД Џил Бајден ќе ги посети Романија и Словачка од 5-9 мај за да се сретне со американските војници и персоналот на амбасадите, украинските бегалци и хуманитарците, соопшти денеска нејзината канцеларија. Членките на НАТО и ЕУ Романија и Словачка презедоа стотици илјади украински бегалци кои бегаат од руската инвазија. Патувањето на Бајден следи по патувањето на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси во Киев во изминатиот викендот. Пелоси се состана со претседателот Володимир Зеленски на 30 април.

Пелоси- Украинската борба е борба за сите нас

За време на нејзиното патување, Бајден ќе ги посети припадниците на американската војска во Романија на 6 мај, пред да замине за Букурешт, каде на 7 мај ќе се сретне со членовите на романската влада, персоналот на американската амбасада и наставниците работа со раселени украински деца, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. Нејзиното патување вклучува и посета на словачкиот главен град Братислава за да се сретне со персоналот на американската амбасада и владини претставници. Речиси 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од руската инвазија на 24 февруари, според агенцијата за бегалци УНХЦР. Нешто повеќе од 3 милиони избегаа во Полска, додека Романија прими 817.000, а Словачка скоро 372.000.

Израел се противи на изјавите на Лавров дека Хитлер имал еврејски корени

На дипломатски план, Израел на 2 мај го повика рускиот амбасадор и побара извинување од Москва откако министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров сугерираше дека Адолф Хитлер има еврејски корени.

Лавров во интервју за италијанска телевизија на 1 мај, беше запрашан како Русија може да тврди дека треба да ја „денацифицира“ Украина, кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, бил Евреин.

Лавров ја бранеше целта на рускиот претседател Владимир Путин за „денацификација“ на Украина и рече дека еврејското потекло на украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја поткопува позицијата на Путин.

„Кога велат „Каква е оваа нацификација ако сме Евреи“, мислам дека и Хитлер имал еврејско потекло, така што тоа не значи ништо“, изјави Лавров за италијанскиот ТВ канал „Рете 4“.

„Веќе долго време слушаме како мудриот еврејски народ вели дека најголемите антисемитисти се самите Евреи“, тврди Лавров.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид рече дека рускиот амбасадор ќе биде повикан на „тежок разговор“ поради коментарите. Изралескиот министер вели дека коментарите на Лавров се „непростливи и скандалозни и ужасна историска грешка“.

„Евреите не се убиваа самите себе во холокаустот. Најниското ниво на расизам против Евреите е да се обвинат самите Евреи за антисемитизам“, рече Лапид.

Претседателот на Јад Вашем, израелскиот споменик посветен на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот рече дека изјавите на Лавров се „навреда и тежок удар за жртвите на вистинскиот нацизам“.

Говорејќи за израелското радио Кан, претседателот на Јад Вашем, Дени Дајан рече дека Лавров шири „антисемитска теорија на заговор без фактичка основа“.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG