Академците се враќаат во студентските домови

студентски домови

Мораме дa знаеме дали го имаме домот како опција или да одвоиме време да си бараме приватно сместување, велат студентите од внатрешноста кои ги чекаат резултатите од конкурсот за прием во студентските домови. До почетокот на академската година има само една недела.

За првпат оваа година академците од внатрешноста ќе се вратат во студентските домови во Скопје соочувајќи се со старо- нови соби поради протоколите кои ги налага пандемијата со корона вирусот.

Но, половина од нив незнаат дали ќе се сместат во некои од домовите или пак ќе мора да бараат приватно сместување .

Симона Наумовска, која живее во Прилеп од почетокот на своите студии во Скопје е сместена во студентски дом во Скопје. Пред две години таа се запишала на студии на Медицинскиот факултет. Таа вели дека за првпат толку долго се чека на резултати од конкурсот за прием на редовни студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови. Резултатите од конкурсот требаше да излезат на 7 септемери, но поради доцнењето Симона како и многу нејзини колеги од внатрешноста на една недела пред почетокот на академската година не знае каде ќе има легло во Скопје оваа година.

"Требаше порано да се случи тоа, но сепак добро е што имаме одлука за отворање на домовите. Аплицирав во домот Кузман Јосифовски Питу, оваа година резултатите од конкурсот доцнат со изговор дека поради корона треба да се направат други подготвки. Не се знаеше дали ќе бидат отворени. Сега знаеме дека има одлука, но клучно е да знаеме кој ќе престојува таму, а кој ќе добие ваучер. Кусо е времето и треба да знаеме дали треба да бараме приватно сместување иле не. Морам дa знам дали го имам домот како опција или да одвојам време да си барам приватно смстување", вели Симона.

Новиот начин на живот во студентските домови како предизвик

Она што е извесно е дека поради епидемијата предизвикана од коронавирусот престојот во студентските домови ќе биде строго контролиран. Дарио Николовски, директор на Државни студентски домови вели дека домовите се подготвуваат и се спремни за новиот начин на живеење во домовите за да го гарантираат здрвјето на студентите на највиско ниво .

"Поради протоколите кои ги налага Комисијата за заштита од заразни болести, капацитетите за сместување се намалени, а за да се спречи ширењето на коронавирусот, во согласност со препораките домовите , се опремуваат со дезифициенци и сите пропратни работи. На влезовите ќе има банери за дезинфекција, пред тоалетите диспанзери за дезинфекција, во мензата по двајца студентите ќе може да седнат на маса ќе има хартиени футроли за прибори и покривки во мензата",вели Николовски.

Видете и ова: Први септември годинава се паѓа на први октомври

На факултетите предавањата започнуваат на 1 октомври, а во согласност со тоа дотогаш во студентските домови треба да се вратат и над 800 студенти, а потоа дополнителен број на студенти треба да се сместат во приватни сместувања во Скопје, кои ќе ги субвенцинира владата.

Студентите апелираат да не доцнат субвенциите

Една недела пред почетокот на академската година Владата излезе со одлука на студентите на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума за трошоците за приватно сместување, односно месечна сума за трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студиите, за чија висина одлучува Владата.

Според информациите од надлежните институции се очекува субвенцијата за стан под закуп односно за превоз да биде до 6000 денари месечно.

Во врска со овој избор студентката Симона вели дека тоа е во ред, дополнувајќи дека важно е мерката на владата да се спроведува без доцнења.

"Доколку е на мeсечно ниво и стигнуваaт нa време тоa е доволно толку се и праватните станови во Скопје. Но ми буди сомнежи тоа што се случуваше со стипендиите кои доцнеа, а имаше и случаи каде сите студенти не добија платежни картички", вели Симона.

Се проценува дека приватно сместување или превоз ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

МОН уверува, се ќе биде навремено

Министерката за образование и наука Мила Царовска деновиве излезе со уверување дека студентите и средношколците навреме ќе бидат сместени во студентските и средношколските домови.

Селекцијата на оние кои ќе бидат сместени во домови и на оние кои ќе добијат финансиска поддршка за приватно сместување, како што изјави министерката, ќе се врши согласно со ранг листата.

"Согласно со ранг листата, влегуваат првите, а другите одат со дополнителна финансиска поддршка. Годинава, дополнителен критериум ќе биде дали факултетот или училиштето е започнато со комбинирана настава или физичко присуство затоа што има дел од факултетите кои целосно ќе одат со онлајн настава", истакна Царовска.

Како и да е, враќањето на студентите од внатрешноста во студентските домови се проценува како ризик и поради тоа се подготвуваат протоколите за заштита. Ова е се наведува како една од причините поради кои доцни сместувањето на студентите во домовите.

Апели за почитување на протоколите во домовите но и најави за санкции

Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетско Студентско Собрание вели дека се задоволни од решенијата со студентските домови, потсетувајќи дека пред три недели тие побараа да се отворат домовите под посебни протоколи за заштита како и да има соодветни решенија за намалениот капацитет. Но како што вели, МОН треба што поскоро да ги објави резултатите од конкурсот.

"Апсолутно требаше студентите порано да добијат информација за домовите. Но, имаше избори, па немаваме влада, претходно МОН не беше заинтересирано за ова прашање. Од друга страна и корона кризата веројатно ги одложи резултатите, во нормални околности ќе беше скандал дури сега да се објавуваат, но со оглед на околностите и тоа дека не се знаеше дали ќе се отворат и како ќе работат, ова е најбрзо решение со оглед кога почна мандатот на владата по изборите во јули", вели Ефтимов, кој дополнува:

"Тажно е што немаме континуитет во институциите и што не може да функцинираат и без главното одговорно лице, а тоа е министерот. Но, таков ни е системот".

Како што е познато, за кратко време во Министерството за образование се сменија неколку министри. Во моментов со оваа институција раководи министерката Мила Царовска која претходно беше министерка за труд и социјала. Таа фукцијата во МОН ја наследи од Арбер Адеми кој беше кадар на ДУИ, а пред него минстерка за образование и наука беше Рената Дескоска која пак од оваа институција замина на челната позиција во правда.

Видете и ова: Македонија со највисока смртност од корона во регионот

Инаку студентските домови во Македонија беа затворени веднаш кога во јавноста се појавија првите случаи на заразени со вирусот и со тоа короната не влезе во нив, за разлика од некои од земјите во регионот каде во јуни имаше и над 300 случаи на заразени со новиот вирус.

Од Студентското собрание очекуваат и апелираат да се почитуваат сите протоколи како што беше счучај и за време на испитните сесии, нагласувајќи дека со тоа ќе се минимизира ризикот за ширење на вирусот.

"Ако институцијата не обезбеди почитување на протоколите мора да има одговорност и од институцијата и од студентите. Бараме ригорозно санкционирање и губење на легло за оние кои со несовесно однесување би ги загрозиле другите", нагласува Ефтимов.

Претходно во текот на летото порастот на бројот на новозаболени се доведуваше во врска и со младите и нивното непочитување на протоколите на плажите и на разни забави или на некои масовни дружења.