Сали - Финансираме примарно и секундарно здравство, а нивната услуга ја врши терцијарното

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Сали - За прегледи се чека оти нема специјалисти

Неправедната распределба на услугите, а праведната распределба на финансирање го предизвикува тој внатрешен хаос во финансии и давање услуги на болниците и клиниките. Ние постојано имаме бегање на долгови од терцијарно во секундарно, од секундарно во терцијарно, за да го средиме сето тоа мораме да почнеме од темел, вели министерот за здравство, Беким Сали во интервју за РСЕ. Тој зборува и за недостигот на кадар и за немањето термини за прегледи.

Министре на оваа функција дојдовте како дел од политички договор за спас на владината коалиција во ек на пандемија со ковид-19. Со каква програма за работа седнавте на министерското столче?

Една од причините зошто ја прифатив оваа функција се сите тие недостатоци во текот на работењето на министерството во изминатите дваесетина години, а сметам дека имам капацитет систематски да ги решавам, затоа што пристапот на здравствените проблеми не е субјективен, туку би требало да биде и ќе биде секогаш објективен со паралелна распределба на давање на услуги, на патоказ на движење на пациенти, решавање на ингеренции на ниво од примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита. И тоа што го забележуваме во изминатиот период е дека пациенти многу лесно пристигаат до терцијарното ниво, што не е здраво за ниту еден здравствен систем, ниту за пациенти, ниту за министерствата. Една од примарните цели е пациент да се обрати, да ја добие квалитетната, соодветната здравствена услуга на нивото на коешто треба да ја добие.

Видете и ова: Светото тројство во здравството - недостиг на лекари, опрема и пари

Зошто 60 проценти од здравствените услуги македонските пациенти ги добиваат во скопскиот Клинички центар, наместо во болниците во внатрешноста? За споредба во Словенија, на пример, само 20 проценти од пациентите завршуваат во клиничките центри.

Со тек на време ние забележуваме дека Клинички центар во Скопје сè повеќе се полни со пациенти . Исполнетоста на кревети во Клинички центар достигнува и над 85-90 проценти. А во внатрешноста во општите болници, коишто се од секундарно ниво или пак Клиничките центри како Тетово, Штип и Битола, исполнетоста е околу 40-50 отсто. Сметам дека и примарните здравствени услуги треба да се даваат навремено и пациентите треба да се обраќаат на примарното ниво за да си ги добијат здравствените услуги во примарно ниво. Тоа со тек на време, знаете како, имаме многу болници во внатрешноста кои не извршуваат некои услуги поради заминување на дел од кадар, секоја здравствена услуга во секундарно ниво е тимска работа, еден вработен којшто си заминува од земјата, за жал, или пак се пензионира, таа услуга веќе не се извршува во одредена болница. Има голем недостиг на кадар во внатрешноста и затоа пациенти се препраќаат во Скопје, односно Клинички центар Мајка Тереза. Тоа е еден голем предизвик за мене и за Министерството да го решиме, да ги вратиме повторно пациентите да добијат здравствена услуга во местата кадешто живеат.

Според податоците на Мој термин, со месеци нема термини за уролошки прегледи, нема термини за ехо на дојка, за колоноскопија, ниту пак за биопсија, на што се должи ова? Зошто пациентите коишто плаќаат здравствено осигурување, не можат да добијат здравствена услуга?

Поради недостиг на кадар термините се пролонгираат затоа што имаме само еден специјалист или пак фали анестезиолог за некоја услуга. Ние знаеме дека сме држава со недостиг на кадар за анестезиологија и поради тоа се натрупува листата за чекање на Клинички центар. И повторно во склоп на сето што го зборуваме до сега, предизвик за нас е, во нашиот план се и осум регионални болници коишто ќе бидат опремени, меѓутоа со одредени здравствени услуги, затоа што не можеме да ги комплетираме сите услуги во секоја болница.

Видете и ова: Хуманоста побрза од институциите за лекување во странство

Општите болници и клиниките за минатата година заедно должат вкупно 95 милиони евра, дел од нив функционираат и со блокирани сметки. Ќе побарате ли одговорност од директорите за лошо менаџирање на општите болници и клиниките?

Ние сме во постојан разговор и комуницираме со сите директори. Нормално дека долг, предизвикува дополнителен долг. Тоа што ние постојано го разговараме е дека доколку секоја услуга се извршува на терцијарно ниво, а во меѓувреме имате цел систем на примарно, секундарно и терцијарно ниво, вие финансирате примарно и секундарно ниво, а нивната услуга ја врши терцијарното. Неправедната распределба на услугите, а праведната распределба на финансирање го предизвикува тој внатрешен хаос во финансии и давање услуги и примарните се незадоволни, секундарните се задоволни, но не даваат доволно услуги, а во терцијалното здравство многу работат и креираат долгови заради обемното работење и ниедно ниво не е на посакуваното, кое сите ние го посакуваме – да имаме болница којшто е реновирана, опремена, услужна, значи ги дава сите потребни услуги во рамки на своето ниво, а не го добиваме тоа. Ние постојано имаме бегање на долгови од терцијарно во секундарно, од секундарно во терцијарно, за да го средиме сето тоа мораме да почнеме од темел, од примарното - давање на услуги, ограничување на пациенти тука на оваа ниво, ширење на палета, односно повеќе протоколи за давање на услуги во примарното, не одење на пациент во секундарното. Секундарното е секогаш поскапо, а терцијарното уште поскапо, затоа што начинот на плаќање на кадарот во терцијарното е сосема друг модел од останатите нивоа.

Целото интервју со министерот за здравство Беким Сали можете да погледнете во видео снимката на почетокот од овој текст.