Руското заземање на Азовстал: симболичен успех, „пирова“ победа?

Украинските војници кои ја бранеа челичарницата Азовстал се претресуваат од руските сили по напуштањето на позициите.

Одлуката на Украина да ја прекине одбраната на челичарницата Азовстал во разурнатиот град Мариупол е успех за Москва во услови на неуспеси. Но, во оваа фаза од војната во Украина, тоа претставува симболична победа за Кремљ, велат аналитичарите. Тод Принс

Руското заземање на огромна челичарница во пристанишниот град Мариупол, каде што стотици војници ја завршија својата борба по исцрпувачката опсада, ќе претставува симболична победа за Кремљ во оваа фаза од неговата инвазија врз Украина, а не значителен воен пробив, велат аналитичарите.

Русија веќе го контролираше Мариупол од средината на април, со исклучок на Азовстал од 11 квадратни километри, каде што стотици борци беа во подземни тунели и бункери, станувајќи икона на остриот отпор на Украина кон нејзиниот помоќен сосед.

Воените аналитичари велат дека вооружените сили на Украина немале реални шанси да ги спасат борците, последниот бастион на отпорот во разурнатиот град по речиси тримесечна целосна војна по руската инвазија на 24 февруари.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Што велат евакуираните од опколената челичарница Азовстал

Мариупол, вториот по големина град во регионот Доњецк, лежи на стратешки брег на Азовското Море што се протега од руската граница на исток до делот што ја поврзува копнена Украина со Крим контролиран од Русија - копнен мост што ѝ дава на Русија пристап до полуостровот.

Украина на 16 мај објави дека ги повикала своите војници во Азовстал да престанат со отпорот. Министерството за одбрана соопшти дека 264 борци, меѓу кои 53 тешко ранети, ја напуштиле фабриката и биле одведени на територијата под контрола на Русија.

Видете и ова: Русија тврди дека скоро 1.000 Украинци се предале во Азовстал

Русија, која даде малку поинакви бројки, рече дека „го положиле оружјето и се предале“. На 18 мај, руската војска соопшти дека дополнителни 694 украински војници во Азовстал се предале во текот на претходните 24 часа. Украинските власти не го потврдија тоа.

„Во практична смисла, крајот на опсадата во Азовстал не ја менува многу траекторијата на војната“, вели за РСЕ Роберт Персон, вонреден професор по меѓународни односи на Воената академија на САД во Вест Поинт, додавајќи: „Со контролата на остатокот од Мариупол, што Русија ја имаше веќе неколку недели, Кремљ имаше свој копнен мост до Крим. Азовстал навистина не ја нарушува рамнотежата таму“, вели Персон.

„Максимална домашна пропаганда“

Борците во Азовстал врзаа илјадници руски војници со недели, давајќи ѝ време на војската на Украина да се бори и да ги одврати руските сили во други арени на војната, како што се Киев, областите околу Киев и Харкив.

„Иако рускиот претседател Владимир Путин максимално ќе ја домашната пропаганда од заземањето на Мариупол, тоа е пирова победа што има огромна цена. Долготрајната борба за градот ја исцеди руската војска од значителна работна сила, оружје и опрема“, смета Персон.

Украинското воено раководство соопшти дека бранителите на Азовстал ја принудиле Москва да задржи околу 20.000 војници во Мариупол, иако некои извештаи покажуваат дека бројот е значително помал. Русија веќе почна да ги преместува војниците од Мариупол.

Како Русија го прослави Денот на победата во окупираниот Мариупол

На бранителите им снемало храна и вода, како и лекови и хируршка опрема. Нивната судбина стана тема на вести дома и во странство со молби да се пуштат. „Присуството на тие сили во Азовстал беше симбол дека Украина не ја изгубила целосно кампањата и беше проблем со кој Русите мораа да се справат“, вели Стивен Фланаган, експерт во корпорацијата РАНД, тинк-тенк со седиште во САД.

„Серија на порази“

Официјални лица, аналитичари и западни разузнавачки агенции велат дека Путин очекувал руските сили брзо да го заземат Киев и другите клучни украински градови кога ја наредил инвазијата и дека тој и неговите блиски соработници верувале дека руските трупи во многу случаи ќе бидат пречекани со раширени раце.

Наместо тоа, руските сили се соочија со жесток отпор и претрпеа големи жртви и материјални загуби. Тие се повлекоа преку границата на север, откако не успеаја да го заземат Киев, не беа во можност да го заземат Харкив и се борат во нивната офанзива во регионите Доњецк и Луганск - областа позната како Донбас.

Руските сили можеби претрпеа еден од нивните најголеми порази во битката кога десетици возила, вклучително и тенкови, а можеби и стотици војници биле збришани од украинските сили додека се обидувале да ја преминат реката.

„По серијата порази, ова е нешто што сигурно ќе биде голем плус за Путин“, вели Глен Хауард, претседател на Фондацијата Џејмстаун со седиште во Вашингтон, додавајќи: „Голем дел од оваа војна е за пропаганда“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Евакуираните од Азовстал сведочат за ужасите во Мариупол

Мариупол, чиј голем дел е срамнет со руските бомбардирања, е најголемиот украински град што Русија го зазеде откако ја започна инвазијата. На 21 април, Путин го прогласи градот за „ослободен“ иако стотици украински војници сè уште беа внатре.

Русија продолжи да ја напаѓа челичарницата, вклучително и наводно со запаливи бомби, за да ги принуди борците да капитулираат. Украина можеби се обиде да го задржи својот отпор во Азовстал сè додека Русија го прослави Денот на победата за да му ја ускрати можноста на Путин да го користи како пропагандно средство на празникот 9-ти мај, во чест на поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Фактор Азов

Но, Русија сега може да го претстави заземањето на Мариупол и Азовстал како голема победа. Исто и Путин, кој ја искористи крајно десничарската позадина на баталјонот Азов во обидите да го поткрепи своето лажно тврдење дека Украина е управувана од „нацисти“, едно од главните тврдења што тој ги употреби за да ја оправда инвазијата.

Баталјонот Азов беше формиран во мај 2014 година, неколку недели откако избувна војната меѓу сепаратистичките сили поддржани од Русија и украинската влада во Донбас по заземањето на Крим од Москва.

Составен од доброволци, има корени во екстремно десничарската екстремистичка идеологија, а Соединетите држави, најголемиот поддржувач на вооружените сили на Украина, забранија оружје да оди до членовите на Азов и им забрани да учествуваат во воената обука предводена од САД поради нивната идеологија.

Видете и ова: Битка за Донбас


Азов и другите доброволни баталјони кои тогаш беа надвор од воените редови водеа голем дел од тешките борби во првите денови на војната во Донбас, спречувајќи ги силите поддржани од Русија да го заземат Мариупол во тоа време.

Баталјонот Азов беше официјално вклучен во Националната гарда на Украина подоцна во 2014 година.Иако тие сочинуваат само мал дел од борбените сили на Украина и немаат политичка моќ, Путин играше на екстремно десничарската позадина на единицата, велејќи му на руското население дека луѓето што ги испрати да се борат во Украина се таму за да го ослободат својот сосед од неонацисти.

Некои аналитичари очекуваат руските власти да парадираат со војниците од Азовстал на државната телевизија и да ги искористат за да ги потврдат лажните наративи на Кремљ.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изрази надеж дека борците ќе бидат разменети за руски воени заробеници кои ги држи Украина.

Но, Вјачеслав Володин, сојузникот на Путин и член на владејачката партија Единствена Русија, кој е претседател на Долниот дом на рускиот парламент, без докази рече дека има „воени злосторници“ меѓу бранителите на Азовстал и дека тие не треба да се разменуваат, туку да се судат.

Воено влијание

Надвор од симболиката, преземањето ќе има воено влијание, но аналитичарите велат дека тоа ќе биде ограничено. „Не очекувам дека ова ќе ги отвори работите во голема мера за Русите, но ќе им помогне, ослободувајќи некои војници што тие можат да ги користат во офанзивата на север“, вели Марк Канцијан, пензиониран полковник на американскиот марински корпус.

„Повеќето од руските сили во Мариупол веќе се испратени во таа насока, но сега Русија ќе може да испрати голем дел од преостанатите сили“, смета Канцијан, кој сега е висок советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон.

Видете и ова: Украинските контранапади го забавиле напредокот на руските сили во Донбас

Русија, исто така, ќе може да го отвори пристаништето Мариупол за да дозволи снабдувањето и опремата да тече во градот и кон руските сили во Донбас, што сега е главниот фокус на руската офанзива. „Мариупол има одлично пристаниште што ќе и помогне на руската логистика, која беше ужасна за време на оваа кампања“, вели тој.

Украинските власти соопштија дека потонатите украински бродови и мините ги спречуваат руските сили веднаш да го отворат пристаништето.

Хауард, од корпорацијата РАНД, вели дека може да бидат потребни месеци пред Русија да го стави пристаништето оперативно. Русија ја презеде контролата врз помалиот пристанишен град Бердјанск во Азовското Море во март и го користи за снабдување на своите сили.


„Путин ќе може да го искористи овој успех додека руските сили не се соочат со нивниот следен голем неуспех, по што Азовстал ќе биде далечно сеќавање за повеќето Руси“, вели Хауард, додавајќи: „Но за Украинците, сеќавањето на опсадата на Мариупол ќе послужи како крик на зближување за генерациите што доаѓаат“.