По 82 дена бомбардирање, 264 украински војници биле евакуирани од челичарницата Азовстал. Стотици војници и цивили беа заробени со недели во подземни бункери во распространетиот индустриски комплекс кој беше цел на жестоко бомбардирање.
Со поразот завршува најдолгата и најкрвавата битка во војната во Украина, оставајќи зад себе разрушен пристанишен град Мариупол и победа на рускиот претседател Владимир Путин.
Евакуацијата на украинските војници од Мариупол низ фотографии

1
Конвој од сепаратисти поддржани од Кремљ ги придружува автобусите што превезуваат украински војници од Азовстал во Мариупол доцна на 16 мај. Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар рече дека 53 тешко ранети војници биле пренесени во болница во Новоазовск, кој е под контрола на сепаратистите, додека други 211 се евакуирани преку хуманитарен коридор до друга локација.

2
Во своето видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските воени и разузнавачки преговарачи, како и Црвениот крст и Обединетите нации ја оркестрирале евакуацијата. „На Украина ѝ се потребни живи херои“, рече Зеленски.

3
Сепаратистички војник гледа како автобус со украински војници од Азовстал во Мариупол пристигнува во Новоазовск на 16 мај.

4
Сепаратистичките војници чуваат стража додека автобусите со ранети украински војници од Мариупол пристигнуваат во Новоазовск.