Пред очите на институциите изградени дивоградби во Охрид

Охрид

Се ветуваа многу мерки за да се избегне Охрид да биде ставен на листата на наследство во опасност, но на терен нема значајни чекори. Активисти бараат пристап до инвентарот на дивоградби и поодговорно делувања на институциите за да се спаси овој балкански бисер по кој не препознава светот.

Како е возможно пред очите на институциите да се изградат дивоградби во старото градско јадро на Охрид кое е заштитено со закон? И по три месеци од донесените препораките на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, во кои се бара да запрат градењата и натамошната легализација на дивоградби, историчари на уметност се прашуваат дали властите вистински се справуваат со проблемите, но бараат и одговорност на државата.

Иако локалните власти деновиве донесоа одлуки за уривање на дивоградбите во Охрид и за прогласување мораториум за градба, претставници на невладини организации кои ги мониторираат активностите на институциите, велат дека во јавноста се уште не се отстранети сомнежите дека надлежните ќе го сочуваат градот на културата, со езеро, кое е едно од најстарите во Европа и со над 360 цркви, и со својата посебнoст се наоѓа на листата на заштитени вредности на УНЕСКО.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

УНЕСКО меѓу Охрид и Витлеем

Институциите во изминатиот период ветуваа многу за да се стави крај на прекумерната нелегална урбанизација која го уништува автентичниот пејсаж со сликовит распоред на куќи, но на терен не се забележуваат значајни чекори туку постапки или најави, за кои дел од упатените велат дека се несоодветни со препораките. Тие се загрижени дека на овој начин, за жал многу лесно Охрид може да го изгуби статусот на заштитена природна и културна убавина и да добие статус наследство во опасност.

Видете и ова: „Силување на природата“ како феминистичка перспектива за климатските промени

Александра Бујаровска од еколошката органзиација Фронт 21/42 вели дека не е доволно јасно што навистина локалната самоуправа планира да прави со справувањето со дивоградбите бидејќи нема објаснувања кои се објекти ќе се уриваат.

“Тоа не треба да биде предмет на дебата, дали и кога треба да се урне. Тие што имаат правосилни решенија веднаш треба да се урнат. Од тоа што е објавено, од општината одат со бројка околу 1000, но пристап до самиот регистарот и што вистина е во тој инвентар на дивоградби се уште нема. За да се види што конкретно ќе стави општината во тој инвентар, а не да се ретерира во јавноста дека "се броеле на прсти", па не се броеле на прсти, па сега излегоа многу повеќе... “ вели Бујаровска.

Во 2015 година Народниот правобранител објави дека биле поднесени 14 илјади барања за легализација на дивоградби Во Охруд. Според дел од упатените токму тоа е реалниот број на дивоградби.

Донка Барџева истoричaр на уметнсот вели дека за жал во целиот овој период додека пристигнуваат забелешките од реактивната комисија на УНЕСКО, официјалните комисии не се огласуваат со свое мислење, иако тоа се институции кои граѓаните ги плаќаат од буџетот на државата.

„Но, уште повеќе е чудно, како е возможно да се дозволи во старото градско јадро и во Охрид како светско културно и природно наследство, пред очите на надлежните институции да се градат дивоградби и да се спроведуваат мерки кои се крајно штетни за Охрид, во целина како интегрирано природно и културно наследство. Во оваа смисла целата одговорност лежи токму и на државата, на власта и институциите на системот кои специјално затоа се формирани, локалната самоуправа исто така. И навистина одговорот треба да се побара токму кај нив“ вели Бaрџиева .

За кого е запирањето за градење?

Освен стопирање на легализацијата на дивоградбите, УНЕСКО од властите побара да се прекине секаква градба.

По одлуките за прогласување мораторим во Охрид и Струга донесени во август, Бујаровска коментира дека тие не се соодветни на препораките зато што запирањето на градењене важи за постапки за кои претходно е добиено решени за градба.

„Проектите и градби кои имаат дозвола за градби и понатаму се градат. Ако ги видите членовите во одлуката, се вели дека мораториумот не важи за постапки за кои е добиено решение за градење. Значи за кого е мораториумот? За оние кога веќе е усвоена и донесена одлуката до некој во иднина кој ќе поднесе постапка за добивање дозвола за градење “ вели Бујаровска.

Бујаровска забележува и дека владата не постапила итно туку го продолжила рокот во кој може да се иницира постапката за легализација, па така наместо да заврши во 2016 рокот го продолжила до 2018 година.

Дивоградбите постојат, институциите си ја префрлаат одговорноста

Дента кога градоначалникот Константин Георгиевски најави дека уривање во Охрид ќе има многу скоро, апелираше до сите кои добиле решенија за остранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти, час поскоро да почнат сами да ги острануваат.

Но, многу дивоградбите се факт во Охрид, а институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста. Никој досега не ја презеде одговорноста, а таа како да се релативизира со давање објаснувања дека се носат посебни акти и решенија наместо директно да се реагира, велат упатени.

Автентичноста со години се нарушува со амбицијата и желбата за изградба на висококатни и големи објекти, кои сè повеќе, во желбата за профит и удобност, се доближуваат кон езерото.

Во изминатиот период додека течеше рокот на УНЕСКО јавноста беше сведок на отварње на уште една дивоградба, летната тераса кај Чинарот во заштитената зона на стариот дел на Охрид, која стана пицерија „Луна" во сопственост на општинскиот партиски советник од ДУИ. Од март, кога почна поставувањето на оваа летна тераса, довршувањето на овој објект никој не го спречи.

Видете и ова: Усвоен мораториум на градбите во Охрид според препораките на УНЕСКО

Инаку, Охрид и езерото пред 40 години се запишани на листата на светско наследство како речиси недопрена природа. Првите знаци на зголемена градежна активност се забележани во 1998 година од кога датираат првите предложени мерки за Охрид кои и денес се актуелни, а низ годините се засилени со укажувања за недозволени градежни активности на Плаошник, а последните години се забележуваат зголемени активности долж целиот регион и неисполнување на мерките.

Донка Барџиева укажува дека институциите треба да се однесуваат многу попрофесионално и поодговорно во спроведување на законските одредби. Таа ги поздравува одлуките за морториум и најавите за уривање, но вели вели дека локалната самоуправа не може сама да го реши проблемот со дивоградбите во старото градско јадро и во заштитениот појас покрај брегот.

„Смеатам дека неоходно е да се вклучат надлежните институции за заштита, пред се надлежниот Завод и музеј во Охрид, кој треба да направи некаква студија, извештај за секоја поединечна дивоградба, дали е поткровје или некакви доградби на постоечки објекти, и какво е нивното влијание на исклучителните вредности на старото јадро кое е заштитено и со посебен закон, и прогласено за културно наследство од особено значање. Тоа е нешто што ги обврзува институциите за заштита и Управата за заштита на кулутурно наследство, која може да се јави во улога на инспектор и надзор во однос на законските одредби“, вели Барџиева.

Од Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид, велат дека институциите од нив досега не побарале студија за влијанието на објектите и дополнуваат дека таа ќе се изработува во соработка со други субјекти. Од таму информираат дека во моментот работат на зонирање на Охрид, на деловите каде има објекти под заштита како и архелошки локалитети. Даниела Неделковиќ вршител на должност директор вели дека од 2012 година досега до нив пристигнале 116 барања за мислења за дивоградби и дека најголем број барања – 36 пристигнале во 2012 година. Оваа година имало шест барања до нив за да издадат мислења за дивоградби, а минаат три . Од музеј Охрид велат дека на најголем дел од барањата одговориле негативно .

Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, и предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари

Во изминатиот период министерот за траспорт Сугаревски рече дека приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното старо градско јадро и во националниот парк „Галичица“.

Според евиденцијата на локалната самоуправа, на територијата на општина Охрид има 1076 дивоградби, од кои 409 во заштитените зони на националниот парк, на крајбрежјетото на Охридското Езеро и во старото градско јадро.

Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство вели дека акцискиот план се спроведува, а во момнтов приоритет се мораториумите и уривањата. Тој дополнува дека се работи на сите препораки на УНЕСКО и насоките во акцискиот план кои треба да се исполнат до февруари, но не може да каже кое министерства до каде е зашто тие поднесуваат извештај до Владата.

Тој вели дека општината Охрид има изработено инвентар на нелагални градби односно бесправно изградени објекти, но посебна студија за тоа кој од тие објекти влијае на унивезралните вреднсоти се уште не е направена. Сепак е тоа малку подолг процес, вели Павлов

„Она што градоначалникот веројатно го изјавува и кон што ќе се пристапи кон уривање се градби кои и без изработка на студија е евидентно дека нарушуваат природни и културни вредности, а тоа пред се однесува на платформи на угостителски објекти, на објекти кои се изградени без потребната градежна документација, а се наоѓаат во строго заштитениот дел или се наоѓаат во строгиот заштитен дел на крајбрежјето итн. За тие објекти мислам дека посебна студија за влијание не треба да се изработи. Ќе се изработува понатаму студија за оние објекти кои се наоѓаат на потегот на Галичица и на другите делови на крајбрежјето“ вели Павлов

Тој дополнува дека ова е долг процес и не може да се очекува преку ноќ да се решат сите проблеми наталожени 40 години. Битно е да ја покажеме нашата желба и заложба да го сочуваме ова светско наследство, вели Павлов

Но, упатените нагласуваат дека вољата не ги решава проблемите туку делувањето.Освен мораториум на градење и легализација на дивоградби, уривање на нелегално изградените објекти во заштитеното подрачје, утврдување законски рамки за спречување на понатамошна нелегална градба и финализирање на планот за управување со Охридскиот регион, е дел од 19-те барања на Реактивната мисија на УНЕСКО. УНЕСКО потенцира дека треба да се исполнат сите останати барања, за што македонската влада до комитетот во февруари треба да испрати извештај. Бујаровска вели дека планот за управување со Охридскиот регион е најважен зашто треба дa ја пoстaви визијата за регионот.

„Овој план треба да даде насоки дали во Охрид понатаму ќе се развива масовен туризам или елитен туризам и ќе има и научно истражувачка работи. Абициозно е до декември да се донесе, треба да се обезбеди учество на јавноста и да изработи квалитетно. Во моментов има нетипична насока во развојот на туризмот во Охрид и зато стигнавме до тука, во заштитени подрачје да се меува зона за да се прават прокти, вели Бујаровска.

Јавноста пред неколку години беше сведок дека со инвестиција на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој се планираше проект за изградба на хотелски ресорт на место во заштитена зона кај изворите на свети Наум. Еколгистите се надеваат дека со изработка на ппан за Охрид ова ќе стане минато.

Надлежните велат дека има напредок во активностите за изготвување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, како клучна препорака упатена од мониторинг Комисијата на УНЕСКО.

Павлов очекува планот за управување со Охрид на јавноста да и биде достапен до крајот на годината.

„Планот за управување ќе се работи со стратетегијата за влијание за животна средина и е во завршна фаза. Се изработуваат зони на заштита, кои ќе бидат вклучени во тој план и очекуваме дека во наредните месеци ќе биде достапен за јавна расправа. Ова е долг процес и не може да очекуваме преку ноќ да ги решиме сите проблеми наталожени 40 години. Битно е да ја покажеме нашата желба и заложба да го сочуваме ова светско наследство“ вели Павлов.

За спроведување на препораките на УНЕСКО во охридскиот регио деновиве и мешовита владина група одржа средби со претставници од општините Охрид и Струга.

На средбите се дебатирало околу критичните зони, режимите на заштита, како и временската рамка за усогласување на Планот и негово финално усвојување.

"Од надворешните експерти кои ја изработуваат Стратешката оценка на животната средина беше порачано целите на Планот да бидат фокусирани кон контролирана урбанизација, зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции, заштита на природното и културното наследство, подигање на свеста и едукација, како и зголемена еколошка функционалност на крајбрежјето" се вели во соопштението.

Езерото е во опасност

Втора голема закана за Охрид и едно од најстарите езера во Европа е стариот и дотраен колекторски систем кој е темпирана бомба што при хаварија во секој момент може да предизвика непоправливи штети.

Со ребалансот на буџетот за 2019 година, Владата најави дека ќе издвои 183 милиони денари за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно барањата на УНЕСКО, но и потребите за заштита на езерото.

Санацијата на колекторскиот систем во Охрид треба да започне на крајот на годинава и до март се очекува конечно коекторскиот систем да биде функционален и да одговори на својата намена заштита на Охридското Езеро од загадување.

Но, екологистите велат дека колекторскиот систем е проектиран во 80 ти години и се однесува на 20 илјади жители. Во Охрид бројот на жители сега е двојно зголемн и во меѓувреме огромен број нови објекти се приклучени на овој систем за прочистување.

Комитетот за светско наследство на последната сесија, што се одржа ова лето во главниот град на Азербејџан, Баку, ја одложи одлуката до февруари идната година Охрид да биде ставен на листа на заштитени подрачја во опасност поради сериозно загрозување на природното и културното наследство поради кое Охридскиот регион четири децении е под заштита на УНЕСКО.

Комитетот на наредната сесија што треба да се одржи идното лето повторно ќе расправа дали да го стави Охрид на листата на загрозени подрачја.

Гоце Атанасов

Еден од најсветите храмови на христијанството, црквата е изградена во 4 век над една пештера во која, според верувањето, Богородица го родила Исус Христос. Храмот беше запишан на списокот на УНЕСКО во 2012 година, но како „светско наследство во опасност“, поради лошата состојба. Палестинската власт веднаш започна планови за реновирање. Комитетот за светско наследство на Обединетите нации, УНЕСКО по седум години донесе одлука да ја отстрани црквата од списокот на значајни места под закана заради „високиот квалитет на реновирачката работа“.

Црквата во Витлеем повеќе не е загрозено наследство

Рула Мајах, палестински министер за туризам вели дека се работело напорно со цел да се повлече црквата од списокот. „Последните три години посебно работевме на реновирање на црквата. Црквата беше реновирана, специјално таванот што протекува и исто така работевме на планот за зачувување на црквата“. Освен на поправка покривот се работеше и на поправка на искршените прозорци, оштетените столбови и покриените со вар мозаици, вели шефот на Комитетот за надѕор на реновацијата Зијад ал Бандак: „Со оваа постапка и подготвување на дренажен систем и промена на сите 48 горни прозорци, успеавме да ја обезбедиме црквата за следните 500 години“. Станува збор за прво сеопфатно реновирање на црквата откако е завршена пред 1.700 години. Инаку, локалитетот „Света земја“ вклучува и неколку други цркви. Махер Канавати, член на општината Витлеем, вели дека за реновирањето биле викнати специјалисти и професионалци од целиот свет кои помогнале тоа да биде направано што е можно подобро: „Би ги замолил сите од целиот свет да дојдат и да ги видат новите реновирања и новите мозаични уметнички дела што ги најдовме под површината“. Враќањето на листата на незагрозено наследство на Унсеко за локалниот жител Саиф Собох претставува добра вест. „Среќни сме да ја видиме црквата на Рождество во УНЕСКО и можеме да видиме денес многу посетители што доаѓаат во родното место на Исус“.

Витлеем се надева дека реновацијата ќе го зголеми туризмот, и ќе ја заздрави слабата економија во израелскиот Западен Брег, окупиран од Израел.