Пописот меѓу пандемијата, политиката и статистиката

Илустрација

Со маски и заштитни ракавици попишувачите ќе посетуваат домови во време на пандемија и ќе ги евидентираат македонските граѓани кои живеат во земјава во неколку категории. Дали и како ќе влијае пандемијата врз начинот на кој што ќе се води статистичката операција – попис, е тешко прашање да се одговори вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Тој посочува дека и во овој период се анкетираат на терен 5 илјади домаќинства и дека тие се обезбедени со сите мерки за заштита.

„Понатаму се надеваме дека овој бран и ова темпо дека ќе се намали, доаѓаат сепак пролетни денови, малку поинакви временски услови, нема да бидат сите затворени во домовите а се надеваме на оваа проклета вакцина, која ќе има ефект врз сите, а се надеваме и дека учесниците во пописот значи попишувачите и сите останати учесници во пописот ќе бидат во онаа прва група на лица кои би се вакцинирале. И да не се случи такво нешто сите мерки за заштита ќе бидат преземени,“ вели Симовски.

Сите попишувачи ќе биде заштитен со опрема за да се заштити себе си но и лицата со кои ќе биде во контакт

Доколку се изгласа предлог законот за попис во Собранието, за кој три дена во комисија за европски прашања дебатират пратениците, попишувачите ќе имаат задача да го евидентираат населението во 4 категории.

Симовски вели дека никој не прави ограничување кој кога треба да биде попишан, односно поделбата ќе биде направена во категорија македонски државјани кои што се присутни во земјава, потоа следува категорија на македонски државјани кои се отсутни и живеат во странство, но не подолго од една година и странските државјани кои живеат во земјава, но подолго од година дена и социјална категорија на граѓани кои живеат во земјава, но немаат никакви документи. Исклучоци ќе бидат дипломатски персонал во странство и во земјава и меѓународни претставници, воениот пресонал кој што е во странство како и градежни работиници кои се вработени во земјава ,но за компанијата работат во странство.

Видете и ова: Предлог-законот за попис влегува во собраниска процедура

Во меѓувреме, подготовките за пописот чекаат на потписот од пратениците на новиот закон. Со него ќе треба да се спроведат активности, за кои веќе се доцни, затоа што предлог законот беше заглавен година и пол во Собрание.

За кои прашања се судираат власта и опозицијата?

Директорот Симовски вели дека за нив се неприфатливи барањата на опозицијата затоа што, како што вели, тоа ќе значи враќање на пописот во ситуацијата од 2011 година, односно неуспешен попис. Тој бара политиката да не се меша во статистиката.

„ Барање за Државна пописна комисија да спроведува попис е надвор од законот за државна статитсика. Политичко тело што би спроведувало статистичка операција е нешто што е надвор од здрав разум. Второто барање е да има по двајца попишувачи во секој пописен круг, тоа би значело тотална недоверба кон тоа лице кое ќе го избереме да биде попишувач после двојно зголемување на трошоците за тоа а за тоа нема потреба, а за електронскиот прашалник не сме единствени во светот што го прават тоа.“ вели тој.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Холштајн - Посветете се на правна држава и попис

ВМРО-ДПМНЕ проценува дека нема услови за попис во април 2021 година поради кризата со пандемијата. Сепак, тие имаат голем број критики на предлогот и тврдат дека со него нема да се направи статистичка туку политичка операција. Опозицијата смета дека пописот на дијаспората е посериозен проблем, на кој и се спротивставуваат. Не прифаќаат попис врз основа на “државјанство”.

„Опфатот на лица кои ќе бидат попишани согласно член 6 од овој закон нема да ја даде вистинската слика на резидентно население во земјава

„Начинот на попишување на лицата кои се на привремена работа и престој во странство, според членот 8, особено можноста истите да се попишат преку електронска апликација нема да ја даде вистинската слика за лицата кои се надвор од државата повеќе од една година и кои што не спаѓаат во групата на резидентно население“ изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојанова.

ВМРО ДПМНЕ побара да се дефинира кои документи ќе се прифаќаат, кои бази на податоци ќе се користат, да се прави разлика меѓу живеалиште и престојувалиште, хартиен не само електронски образец, двајца непосредни попишувачи наместо еден. За да се добие реална слика за резидентното население, велат, треба да се преиспита можноста дијаспората да се самопопишува преку апликација.
Заменикот министер за правда Агум Нухиу на првиот ден од дебатата во Собранието истакна дека е важно што ниту еден државјанин нема да остане непопишан.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Што е спорно за престојниот попис во Македонија?

„ Свесни сме за важноста на овој попис на населението, домаќинствата и становите за сите граѓани, опфаќајќи ги и граѓаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат привремено во странски држави. Сакам да ве убедам дека сите граѓани на Северна Македонија каде и да се наоѓаат, во земјава или во странство, не сме ги изоставиле од овој предлог закон“ рече Нухиу.

Директорот на заводот за статистика Симовски вели дека со овој закон се прават обиди да се надминат и да не се повторат грешките кои беа направени на минатиот неуспешен попис.

Следната недела предлог законот ќе биде на „мени“ на пленарна седница по што ќе се следува амандманска расправа. За негово носење е потребно просто мнозинство. Секое доцнење со донесувањето на законот ќе предизвика полош квалитет на пописот, вели директорот затоа што веќе се доцни со одредени подготовки кои не можат да се направат без законско решение. Со донесувањето на законот ќе треба да се подготви теренска активност односно формирање на пописни комисии кои ќе бидат логистика за спроведување на пописот, потоа невработени луѓе кои ќе се ангажираат за попишувачи и нивна обука.

Одговорен за пописот ќе биде Заводот за статистика, а во него ќе учествуваат и Совет за статистика, комисии за 45 пописни реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници кои ќе бидат ангажирани за него. Тоа значи дека за неговото спроведување ќе бидат ангажирани околу 6 000 лица, кои ќе работат во целата држава.

Пописот ќе трае од 1 до 21 април, во кој попишувачи (анкетари) со лаптоп на кој има податоци за граѓаните од 6 различни бази на податоци, како на што се Катастарот, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Фондот за здравствено и пензиско осигурување, образование, УЈП, агенција за вработување дополнителни бази за проверки на податоците потоа. Податоците кои ќе ги даде граѓанинот за себе и за членовите на семејството, ќе бидат внесени и проверени компјутерски.

Оние за кои ќе се потврди дека се во земјата или дека се во странство помалку од една година, или дека се странци кои во земјава живеат подолго од една година, ќе влезат во домашната официјална статистика. Останатите ќе бидат евидентирани дека живеат во странство, ако дотогаш веќе не ја искористиле шансата која ја нуди законот – сами да се пријават преку апликација од 15 до 31 март. Пописот ќе чини 8,5 милиони евра.

Видете и ова: Маричиќ: До нова година закон, во април попис на населението


Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. До сега се спроведени осум пописи, а последниот успешен е во 2002 година. Во 2011 година почна да се релизира ваква статистичка операција, но тогашната власт ја прекина под сомневање за фалсификат. Поранешното Специјално јавно обвинителство отвори и истрага за пописот во март 2018 година, а лани во септември со останатите предмети, оваа истрага премина во рацете на редовните обвинителства откако бившата специјална обвинителка Катица Јанева даде такво овластување. Еден од главните осомничени во оваа истрага беше лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер Никола Груевски. Тие беа осомничени за злоупотреба на службена должност. Неодамна во дел од медиумите беше објавено дека истрагата е прекината затоа што не биле собрани доволнодокази од една страна а од друга дека со новиот закон кој стапи на сила на 30 јуни годинава, таканаречениет „бомби“ не може да се користат како докази.