Поларизација на социјалните мрежи за војната во Украина

Илустрација

За подобро утре на Запад, а ваму про-руски патриоти? - гласи еден од коментарите на социјалните мрежи каде што се оцртува поделеноста околу војната во Украина.

„Јавното мислење за руската инвазија врз Украина е многу поларизирано, ако се суди според коментарите на социјалните мрежи.

„Директно вмешување на НАТО може да доведе до трета светска војна“ - ова се само некои од поентите во неделното интервју на РСЕ со Илија Џугуманов од Евроатлантскиот совет на Македонија. Коментарите на нашата ФБ страница: поделени. Анна Јакимова смета дека „гледањето од страна е исклучително некомотно, но и секакво вмешување ќе биде уште полошо“, а Лута Ахмети е на мислење дека „треба да се запре Путин, тој игра не само со Европа туку со цел свет... и самите Руси бегаат од Русија...“ Но, Златко Деркоски смета дека „НАТО инсталира режим во Украина, им праќа специјалци, инструктори, оружје и пари, НАТО изврши економска и психолошка пропагандна војна врз Русија и Украина... Ова што се случува со Украина и Русија е дело на НАТО“. Мартин Спасеваки како да се радува: „Конечно доста беше Западот газда на светот, сега ќе имаме нови газди, Русија и Кина“. Столе Топлев објавил фотографија од актуелните случувања во Јемен и бомбардирањата од страна на САД и Саудиска Арабија и иронизира: „Никој не реагира зашто американските бомби не се толку лоши како руските...“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Џугуманов - Светот го очекува нова потензична Студена војна

Радован В. Маљковиќ и се обраќа на РСЕ : „...Тапа ви е гебелсовава пропаганда“. Протестот на Плоштадот Македонија во Скопје против руската инвазија на Украина организиран од Здружението на Украинците во РСМакедонија „Лесја Украинка“ исто така е дочекан со непримерни коментари и има поделени извици на поддршка или со украинското или со руското знаме. Борче Тимов напишал: „Слава Русија“, а Ацо Спасовски, Мариан Наумовски, Горан Младеновски, покрај украинското знаме, напишале: „Слава Украини!“

Информацијата за брифингот со новинари на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при што тврди дека Киев „измислува оправдувања“ за да го одложи третиот состанок, и веројатно коментарите со поддршка за Русија го испровоцирала потпишаниот со Гало Гало Гало да забележи: „Не сум верувал дека во СРМ има толку расипани души да се ситат на вакво злодело, поготово толку луѓе кои за подобро утре се по Западот, Германија, Швајцарија, Англија, а ваму јадат... дека се големи патриоти и про Руси, а баш Русија никогаш и во никоја ситуација не направила ништо во интерес на Македонија... еден Македонец не слушнав да биде захвален на Тито и на мудриот Глигоров, а сега во паролите на овие хиени нивни миленици се Вучиќ и Путин... ни самите не знаат што се или самите се негираат“. Гроздан Јовановски на српски напишал дека војна никому не донела добро... дека ова е пат кон воено уништување на Украина и финансиско на Русија...