Политички игри: Олимпијадата во Москва во 1980 година

Церемонијата на отворање на стадионот „Ленин“ во Москва на 24 јули 1980 година. Неколку месеци пред отворањето на Игрите, Советскиот сојуз го нападна Авганистан.

Советски трупи деминираат пат во Авганистан. Советската воена инвазија на Авганистан беше извршена за поддршка на тамошниот режим.

На 21 март 1980 година, американскиот претседател Џими Картер им се обрати на спортистите кои требаше да се натпреваруваат на Олимписките игри во Москва. Картер ги замоли да го поддржат предложениот бојкот на Игрите, како одговор на инвазијата на Советскиот Сојуз.

Проби во Москва за церемонијата на отворање. Околу 65 земји, вклучувајќи ги и повеќето од мнозинството муслимански земји во светот, ги бојкотираа Игрите, додека 80 земји испратија спортисти да се натпреваруваат. Дваесет и пет американски спортисти ја тужеа владата за бојкотот, но го загубија случајот.

Работа на олимписките објекти во мај 1980 година. Бојкотот на Игрите беше голем удар за Кремљ, кој веќе се соочуваше со длабоки финансиски проблеми и потроши околу 1,35 милијарди американски долари за одржување на овој престижен настан.

Маскота на Игрите беше мечката Миша, на фотографијата со креаторот, илустратор на детски книги Виктор Чижиков.

Спортистка со олимписки факел пред отворањето на Игрите.
 
 
 

Детал од базенот во Москва.
 
 
 

Олимписки комбиња во Рига, Летоноја. Игрите покрај во Москва се одржаа и во неколку други градови на тогашниот Советски сојуз, вклучувајќи ги Минск, Талин и Киев.

Романката Надја Команечи на Игрите.

Вооружени чувари патролираат во Олимпиското село. Игрите во 1980 година се одржаа осум години откако палестинските терористи во Олимпијадата во Минхен убија 11 израелски спортисти и тренери.

Францускиот кревач на тегови Николас Ласорс за време на натпреварот.
 

Советскиот одбојкарски тренер Вјачеслав Платонов, откако неговиот тим ја совлада Бугарија во натпреварот со златен медал.

Њујорчаните Максим и Фрида Сира пред црквата во центарот на Москва, каде успеаја да ги следат натпреварите меѓу многуте гледачи.

Иштван Грознер од Унгарија и коњот Билорс за време на такмичењето.
 
 

Мистериозен пожар на Црвениот плоштад за време на Игрите, 2 август.

Сведоците рекоа дека виделе човечко тело среде пожарот, кое било брзо однесено од полицијата. Известувачот на „Вашингтон пост“, кој бил сведок на инцидентот, напишал дека набргу потоа „наивен јапонски турист го сликал тоа од далечина по што три лица  ја зеле неговата камера и ја уништиле“.

Јирген Штрауб од тогашната Демократска Република Германија (десно) и Себастијан Кох од Британија, откако Кох освои злато во трката на 1.500 метри.
 
 

Кревачите на тегови (од лево надесно) Валентин Христов од Бугарија, Леонид Тараненко од Советскиот Сојуз и Унгарцот Ѓерги Сазали.
 

Огномет над стадионот Ленин во Москва за време на затворањето на Игрите на 3 август 1980 година.
 

Голема репродукција на маскотата на Игрите направена од луѓе, за време на церемонијата на затворањето.

Четири години по делумното бојкотирање на Игрите на СССР, Советскиот сојуз и неколку други комунистички држави ги бојкотираа Летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес.