Достапни линкови

Корона кризата го јакне влијанието на Кина во Централна Азија


Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Киргистан, јуни 2019 година
Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Киргистан, јуни 2019 година

Откако огромната економија на Кина започнува одново да заздравува од тешката пандемија, очајните земји од Централна Азија се повеќе својата економска и политичка иднина почнаа да ја врзуваат за Пекинг.

Забележувајќи во последно време релативен мал број случаи на коронавирус, Кина се чини дека е првата голема економија во светот која заздравува од разорните ефекти на пандемијата.

Но, вирусот продолжува да ја уништува Централна Азија, каде што економиите на тамошните пет земји страдаат од големите падови на цените на стоките, падот на дознаките од работниците мигранти и глобалното економско забавување.

Ваквата состојба го остава Пекинг главен извор на помош за регионот.

Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот

„Нема знаци дека пандемијата ја одвраќа Кина од нејзините долгорочни цели“, вели Надиж Ролан, од Националното биро за азиски истражувања за РСЕ. „Пекинг сè уште има намера да гледа како Кина се искачува на врвот во глобалните работи и го гледа сегашното нарушување од вирусот како начин за постигнување на таа цел“, додава Ролан.

Кина веќе ја одржа својата прва средба со министрите за надворешни работи на сите пет централноазиски земји преку видео конференција на 16 јули.

прва средба na министрите за надворешни работи на Кина и на сите пет централноазиски земји преку видео конференција на 16 јули 2020.
прва средба na министрите за надворешни работи на Кина и на сите пет централноазиски земји преку видео конференција на 16 јули 2020.

Дискусијата се фокусираше врз соработката во борбата против коронавирусот и заздравувањето на економиите во регионот.

Иако Кина веќе долго време е еден од доминантните играчи во Централна Азија, ваквиот тесен формат означи нов пристап за Пекинг во регионот.

Ковид-19 во Централна Азија зема замав, мерките се враќаат

До ова дојде по непреченото ширење на ковид-19 во Централна Азија кој ја покажа незгодната состојба на здравствените системи, им остави огромен товар на нивните економии и ги стави на тест нивните надворешни односи.

Пекинг упати хуманитарни и медицински мисии со висок профил, промовирајќи ги своите дигитални технологии како начин за ограничување на ширењето на вирусот.

“Појас и пат”, термин за повеќемилионскиот доларски план на кинескиот претседател Си Џинпинг има за цел Кина да се здобие со влијание преку градење инфраструктура и поттикнување на инвестициите.

Но, има и пошироки трендови кои би можеле да предизвикаат дополнителни шокови за Централна Азија, особено продлабочувањето на конфронтацијата меѓу Кина и Соединетите држави.

Кина нареди САД да го затворат конзулатот во Ченгду

Во текот на последните неколку месеци ескалираа тензиите околу Хонг Конг, Јужното кинеско море и долгата трговска војна.

Во меѓувреме, Вашингтон, исто така, оствари придобивки во својата кампања за да ги натера земјите да ја забранат технологијата направена од кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“ заради загриженоста за националната безбедност.

Американски државен секретар Мајк Помпео и британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон, 21 јули 2020 година
Американски државен секретар Мајк Помпео и британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон, 21 јули 2020 година

Овој месец Британија објави дека го забранува „Хуавеи“ во својата комуникациска мрежа 5G, исто како и Франција која соопшти дека сериозно ќе ја ограничи употребата на кинеската технологија.

Жешката реторика и потезите на официјалните лица и во Пекинг и во Вашингтон ја покажува растечката конфронтација, за која некои велат дека е почеток на нова Студена војна.

Загриженостa од недостигот на храна расте поради пандемијата

Земјите од Централна Азија се навикнати во заштитата на своите интереси да бидат меѓу Пекинг, Москва и Вашингтон.

Но, новата реалност во Централна Азија, која е сè повеќе во корист на Кина, почна да покажува дека балансирањето се потешко се одржува.

„Кинеското креирање политики сè уште е насочено против Соединетите држави, така што тоа значи дека регионот се повеќе се гледа преку тој објектив“, вели Рафаело Пантучи, експерт од Лондон, за „Радио Слободна Европа“, додавајќи:

„Централноазијците никогаш нема да сакаат да избираат страни, но ќе биде тешко да се заштитат од светот поделен меѓу два пола. Тоа значи дека тие секогаш повеќе ќе тежнеат кон кинеската страна“.

Не толку успешни игри

Новиот начин на Кина за соработка со министрите за надворешни работи на Централна Азија, не е првиот ваков аранжман преку кој надворешната моќ се ангажира со петте земји.

Слични аранжмани веќе имаа Јапонија, Јужна Кореја, Европската унија и Соединетите држави, кои го искористија овој формат во февруари за време на посетата на регионот на државниот секретар Мајк Помпео.

Помпео повика на меѓународна коалиција против Кина

За време на тоа патување во Казахстан и Узбекистан, Помпео го насочи своето внимание на присуството на Кина во Централна Азија, наведувајќи ја загриженоста за корупцијата, злоупотребите во Си Џинјанг и затворањето на повеќе од милион Ујгури и други муслимански малцинства во кампови за притвор.

Но, посетата на регионот - прва од државниот секретар на САД за пет години - исто така ги покажа ограничувањата на ангажманот на САД во регионот.

Американскиот интерес и вклученост во Централна Азија ослабува и опаѓа од распадот на Советскиот сојуз.

ЕУ со санкции за Русија, Кина и Северна Кореја за сајбер напади

Регионот уште еднаш привлече поголемо внимание, бидејќи Вашингтон сè повеќе гледа на Кина и Русија како на двајца главни ривали на глобалната сцена. И покрај тоа, Централна Азија не е приоритет на политиката во Вашингтон.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Киргистан во Пекинг
Кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Киргистан во Пекинг

За споредба, Си има извршено повеќе посети на државите во тој регион откако ја презеде власта во 2012 година. Оттогаш, Кина стана најголем финансиер за развојот на Централна Азија, бидејќи државните банки поддржуваат скапи проекти за градење во ризични пазари - проширувајќи го влијанието на Пекинг и создавајќи нови можности за кинеските компании.

Преку ова, Кина бара да го искористи хаосот создаден од пандемијата за да ги постигне своите цели и да го продлабочи своето влијание во Централна Азија и пошироко.

Дали „Појас и пат“ е проект на кинеската суета?

„Ова не е Студена војна со јасно дефинирани идеологии и географски блокови, многу повеќе личи на податливи сфери на влијание“, вели Ролан, додавајќи:

„Кина сè уште не сака глобална хегемонија, туку создавање потсистем каде што Пекинг би имал соѕвездие на земји што се подложни на нејзините ставови“.

Слободна економска зона Хоргос во Казахстан
Слободна економска зона Хоргос во Казахстан

Присуството на Кина во Централна Азија, исто така, може да расте, бидејќи Русија - друг од големите надворешни играчи во регионот - се соочува со големо економското забавување предизвикано од пандемијата и падот на цените на енергијата.

Москва и Пекинг се зближија во последниве години и се обидоа да ги поделат своите интереси во Централна Азија, но Кина е решена да постави нови основи, како што има намера да продолжи да се шири надвор со градењето на големи инфраструктурни проекти во други области.

ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот

„Повеќе години, Кина е посветена на економски прашања, а Русија повеќе се занимава со безбедност, но сè повеќе гледаме дека тие сфери можат да се преклопуваат и линиите меѓу нив почнуваат да се замаглуваат“, вели за Радио Слободна Европа Темур Умаров, експерт во центарот „Карнеги Москва“.

Додека кинеската економија почна да се враќа од пандемијата, темпото на нејзиното закрепнување е сè уште неизвесно.

Овие прашања се појавуваат додека Пекинг се соочува со повици за одложување на некои проекти поради пандемијата која ги зголеми страхувањата од глобална рецесија и ги испровоцираа кинеските партнери да ја разгледаат одржливоста на тие проекти во нивните земји, што може да доведе и до откажувања на проектите.

министерски состанок за Централна Азија, Ташкент, Узбекистан, 2019 година
министерски состанок за Централна Азија, Ташкент, Узбекистан, 2019 година

Сепак, досега не се откажани некои поголеми договори заради пандемијата. Но, тоа како Пекинг ќе управува со проектите среде пандемиските проблеми ширум светот, ќе биде клучен тест за кинеските дипломатски вештини.

Кинеските државни медиуми започнаа со фаворизирање на помалку скапи глобални иницијативи насочени кон технологијата и здравствената заштита, отколку кон високо-профилните инфраструктурни проекти.

Коронавирус - измами и смрт во Туркменистан

Кина веќе ја користеше пандемијата за да се фокусира врз дигиталните иницијативи, како што се електронската медицина, е-трговија, е-плаќања и е-учење, а аналитичарите сметаат дека кинеските компании имаат доволно простор да се прошират на овие фронтови во Централна Азија.

Исто така Кина и натаму останува еден од ретките актери за обезбедување финансии за придвижување напред, што може да ги придвижи владите на Централна Азија поблизу до Кина.

„Ова е можност за Кина и таа ќе го искористи тоа“, вели Џoнатан Хилман, директор на Проектот за Азија во Центарот за стратегиски и меѓународни студии за РСЕ, додавајќи:

„Но, не очекувам тоа да биде голема зграда како порано. Ова ќе биде само нова фаза за Пекинг“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG