Меѓу првиот круг на локалните избори што се одржа на 17 октомври и кој ја најави победата на опозицијата, ваквиот исход беше очекуван. Го најави самиот Заев, користејќи хазардерски речник.
„31 октомври за мене е all in“, рече Заев, ставајќи ги своите функции како залог за кандидатурата на Петре Шилегов за главниот град, па ако загуби тој најави дека и самиот си заминува. Тоа и се случи. Зошто Заев ги загуби изборите?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
1.Нереализирани ветувања за реформи
Четириесет и седумгодишниот Зоран Заев стана премиер во мај 2017 година, а лидер на СДСМ во 2013 година. На државната функција дојде по повеќе од една година објавување на таканаречените опозициски бомби со кои се покажуваше начинот на владеење на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, сегашен азилант во Унгарија.
Тогаш вети чесно владеење, борба со криминалот, одговорна влада, напредок на земјата кон НАТО и Европската унија, работа и демократизација на закоравените институции кои ги констатира меѓународната заедница тогаш вклучена во таканаречените преговори од Пржино кои требаа да осигураат и демократизација на општеството.
Видете и ова: Судии кои оценуваат судии-вртење во кругИзневерување на очекувањата со кои СДСМ дојде на власт, е една од причините за ваквиот изборен резултат, вели Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија.
„Беа неколкупати предупредени како на досегашните изборни циклуси така и од експертската јавност да се вратат на реформската агенда, меѓутоа, оставија голем дел неадресирани проблеми- реформи во судство, јавната администрација остана партизирана, протежирање на партиски решенија наспроти квалитетни кадри“, вели Трошановски.
2. Нереализирано ветување „Правда мора да има“
Додека ги објавуваше таканаречените опозициски бомби главното ветувања на Заев беше дека ќе има правда. Поттикнати од разговорите на тогашниот владејачки врв почнаа протести во Македонија, прво организирани од движењето Протестирам, а потоа преименувани во Шарена револуција.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Илјадници луѓе секојдневно излегуваа на улиците да дадат поддршка на тогашното Специјално обвинителство кое работеше на предмети поврзани со тогашната власт. СЈО згасна по аферата „Рекет“ во која се споменуваа луѓе блиски до Заев дека учествувале заедно со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во изнудување пари од бизнисменот Јордан Камчев.
И другиот дел од реформската агенда која донекаде беше имплементирана беше засенет од недостигот на борба против криминалот и корупцијата, вели политичкиот аналитичар Џељаљ Незири.
„Има перцепција дека СДСМ само ја замени ВМРО-ДПМНЕ и дека ја продолжи истата пракса на влијание врз судството, контрола на обвинителство и неказнивост на политичарите и луѓето поврзани со власта“, вели Незири.
Видете и ова: Заев – имам право да не се согласувам за некои предмети, меѓу кои и тој за РашковскиЗа време на владеењето неколку вакви афери ја потресоа власта. На пример, поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски е во домашен притвор, но Заев лично често повторува дека верува во неговата невиност. Истовремено од државата избегаа и поранешниот премиер Никола Груевски, претставници на службите за безбедност од поранешната власт за кои имаше судски спорови, а за нивните бегства никој од владејачката структура не понесе одговорност.
Одговорност не се понесе ниту за пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8 септември во кој изгореа 14 пациенти болни од ковид и нивни роднини. Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка од морални причини, но премиерот не ја прифати оти рече дека истрагата покажала дека тој не е виновен.
3. Надворешна политика- блокадата во ЕУ и односот кон Бугарија
Во меѓувреме, за време на мандатот на Заев, а по потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција со кој земјава стана Република Северна Македонија, исполнето е едно од ветувањата, влегувањето во НАТО. Но, напредокот кон Европската унија е блокиран поради спорот со Бугарија, во голем дел поврзан со идентитетски прашања прашања. Заев лично честопати даваше изјави кои беа неприфатливи за дел од македонската јавност, како на пример последното за бришењето на „бугарски“ од спомениците на кои пишува фашистички окупатор.
„Јавноста не беше подготвена за уште едно национално понижување и за многу невнимателен однос без да се води сметка за колективната меморија и емоции владата настапи во решавање на овој спор иако се разбира главниот проблем е Бугарија“, вели Трошановски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Како понатаму во европските интеграции? Според Трошановски, тие ќе бидат блокирани подолго време, а ваквите домашно политички случувања ќе се рефлектираат директно на спорот со Бугарија без оглед дали ќе остане оваа влада или ќе има предвремени избори.
„Владата ќе биде многу повнимателна во преговарањето и помалку спремна на компромис кој и онака немаше многу маневарски простор да го направи, додека Европската унија само по себе е преокупирана со други проблеми и внатрешна дисфункционалност така што не верувам дека од таа страна ќе се помести просторот“, вели Трошановски.
4. Лошо менаџирање на општини
Сепак ова беа локални избори и покрај другите фактори, аналитичарот Незири вели дека една од причините е лошото менаџирање на општините од кадрите на СДСМ кои досега беа градоначалници. Откако СДСМ ја формираше владата пролетта 2017 година на локалните избори кои се одржаа истата година наесен, партијата доби 57 градоначалнички позиции од вкупно 80 општини.
„Тоа лошо менаџирање предизвика разочарување што придонесе до вакви резулати за партијата“, вели Незири.
Сега по локалните избори СДСМ има 16 градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ 42 градоначалнички места.
5. Внатрепартски смени и потреси
Од доаѓањето на власт досега се случија и внатрепартиски промени, па дел од најблиските соработници на Заев како опозиционер не се повеќе рамо до рамо со него во партијата или државата. Тој во 2013 дојде на чело на партијата во тандем со Радмила Шекеринска. Беше создадена дотогаш непостоечка позиција во СДСМ, заменик претседател која ја извршуваше актуелната министерка за одбрана.
Видете и ова: СДСМ на конгрес- само Заев е сигуренГодинава таа реши да се повлече од партиските функции. Претходно од владата замина и Дамјан Манчевски кој со години беше кадар на СДСМ. Од Владата беше разрешен поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, кој додека беше Заев опозиционер се сметаше за креатор на партиската економска програма.
„Внатрепартиските поделби и неуспехот на Заев да балансира помеѓу интересите внатре во партијата придонесе за овој спектакуларен пад во поддршката“, вели Незири.
Еден од „поголемите“ изборни удари на СДСМ им ги предизвика староновиот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, некогашен опозициски соборец на Заев. Тој реши да не го кандидира за повторен мандат по што Димитриевски отиде сам и го победи кандидатот на СДСМ, со што првпат оваа општина не е во рацете на партијата на Заев.