Нова вонредна состојба од 14 дена е сосема доволно за спроведување на економско – социјалните мерки за ублажување на последиците поради фактот дека огромен број на фирми не работеа, како и за заокружување на борбата за здравјето на граѓаните рече денеска претседателот Стево Пендаровски. Тој додаде дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзана со датумот за изборите.
„ Не два пати, три пати размислив за новата вонредна состојба од 14 денови, и мислам дека она што го слушнав од претседателот на комисијата и од министерот за внатрешни работи денеска. ...Јас како врховен командант имам потпишани наредби за ангажман на армијата, во изминативе два месеци меѓу 500 и 600 припадници на армијата беа ангажирани како поддршка на полицијата. И ако нема вонредна состојба од денеска на пример сите тие ќе треба да се вратат во касарна, нема основ за нивен ангажман. Но, министерот Чулев рече дека МВР со извонреден ангажман на сите негови припадници, прашање е колку може полицијата да одговори на таа обврска ако не е армијата во поддршка“ вели Пендаровски.
Тој посочува дека како додатна причина за неговата одлука е и информацијата дека кон крајот на месецот се очекува државата да склучи кредитен аранжман со ЕБРД од 160 милиони евра со што, како што вели ќе и се овозможи на Владата да продолжи со уредбите со законска сила на целиот здравствен сектор поуспешно да се справува со пандемијата.
Видете и ова: Што доколку лидерите не договорат датум за избори?
По три часовната седница Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања истакна дека времетраењето на вонредната состојба од 14 дена нема никаква корелација со вонредните избори, посочувајќи дека тоа прашање делумно е начнато на оваа средба и дополнително ќе биде разгледувано на лидерската средба. Но, Пендаровски истакна дека како тема ја отворил претседателот на Комисијата за заразни болестиот откако бил прашан кога би имале избори како да се спроведе тој процес.
Пендаровски во однос на трите документи кои беа побарани пред да се разгледува прашањето за датумот за избори истакна дека министерот за надворешни работи Никола Димитров добил писмена согласност од ОДИХР за набљудувачка мисија на избори, потоа документот за протоколот од Комисијата за заразни болести за начин на кој би требало да се гласа на денот на изборите е изготвен и испратен до сите учесници на лидерската средба.
„ Во тој документ клучната проценка е дека додека не се изнајде вакцина и лек за овој вирус, изборите секаде во светот ќе треба да бидат изведувани во посебен режим. Во третиот документ од ДИК се наведени рокови кои се неопходни за да извлечеме транспарентен и кредибилен процес. Она што ДИК не го кажува и не може да го каже бидејќи нее нејзина надлежност да го решава датумот за избори. Кога политичките лидери или политиката кога ќе реши да има избори ќе и кажат, или ќе има нова уредба со законска сила и тие ќе се прилагодат на тоа што ќе го побара политиката од нив,“ изјави Пендаровски.
Видете и ова: Законите кои не ги потпиша Иванов утре повторно пред пратениците
За укинувањето на законот за анти-дискриминација од Уставниот суд, претседателот Пендаровски вели дека во тој указ има флагрантна невистина дека кабаетот за укинувањето на законот е во кабинетот на претседателот.
„Кабает има во собраниските служби и во она што го нарекуваме Парламент на државата... моите советници комуницираа со службите во Собранието за да им кажат дека е направена процедурална грешка, и тоа немаше ефект, втор пат доаѓа закон кај мене, јас не можам да го оспорам морам да го потпишам, но Уставниот суд го оспори, по мене со кристално јасна правна основа. И да кажам политички став за тој закон , тоа беше голем исчекор за правилата по кои треба да живееме, и можам да ви кажам дека неколку европски парламенти тоа ни го поставија како формален услов, дека не може да ни дадат ни датум за преговори. Мојот став е јасен, јас сум за тој закон и очекувам наредниот пратенички состав ќе го стави прв на дневен ред,“ додаде Пендаровски.
Тој додаде дека на состанокот бил разгледуван и извештајот Владата што го достави и на седницата премиерот Спасовски кој реферираше и го образложи предлогот на Владата за нова вонредна состојба од 30 дена.Присутни на седницата беа и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министрите за внатрешни и надворешни работи и за одбрана, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ова е трета вонредна состојба која претседателот Пендаровски ја прогласува. Првата беше прогласена на 18 март со цел борба против светската пандемија од Ковид 19.